romaversitas.org.mk

Колумна

Бесконечна игра

Ќе има или нема да има избори? Што ќе се случи овој викенд? Ќе отидат ли во пензија старите хиениод ромскиот политички табор?

Дали општеството во целинаили барем ромските политички парииќе сфати како да ја игра Бесконечната политичка игра? Ќе се земе ли предвид младата студентска сила или пак сaмо ќе се користат прилики за една друга, конечна игра – каде што победникот е само минлив политички играчнаспроти бесконечниот живот на Ромите?

Во рамките на мојот СТАВ - Јас мислам ДА. ЌЕ оди ВО НАША ПОЛЗА! Пред себе гледам една поинаква реалност и општество на другари и другарки кои меѓусебно се почитуваат, пријатели кои што се подржуваат во име на една поголема Визија која што почнува да се остварува.

Патем, секоја чест на СИТЕ (без разлика на тоа коj поединец на кое движење, организација, политичка партија или групација припаѓа) кои партиципираат и кои имаа храброст вчера да се појават на протестот и да го кренат својот ГЛАС во име на својата поддршка и ставови во однос на сето она што ни се случува и третманот што го добиваме како одговор на нашата лојалност како граѓани. Затоа што ова општество нема да знае што мислите и што сакате ако не застанете ЗАД НЕШТО во кое што верувате! Не е ли впрочем тоа – таа Бесконечна игра ?

Ќе продолжам со цитирање на изјавата на психологот Мухамед Ајваз на панел дискусија организирана од страна на Граѓанската иницијатива „Аваја“ на 08.02.2020. За да ја опише состојбата на Ромите во македонскиот политички систем Мухамед Ајваз, користејќи стилски фигури, изјави: „Моментално, ромската политичка клима ја гледам како расипан апарат за кафе. Ние веќе 30 години имаме мајстори коишто го поправаат тој апарат. На ромската заедница и е веќе преку глава од тоа расипано кафе што го пие цело време и што некој постојано доаѓа и го поправа тој апарат. А, и дел од мајсторите ја имаат таа позната финта да се остави одреден дел расипан внатре, за да можат пак да доаѓаат.“ Мухамед преку овие зборови се обиде, со игра на метафора, да даде одговор на прашањето „Кој најмногу профитира од тоа што Ромите неколку децении се наоѓаат во status quo состојба?“.

Кои се „мајсторите“ коишто сме ги одбрале и на каков начин сме ги одбрале; дополнително, кој ни одредува колку „мајстори“ ќе имаме можност да имаме; и трето, зошто плаќаме ако не сме задоволни од работата на тие „мајстори“ кои лажат дека го поправаат апаратот. А, под „мајстори“ во оваа ситуација подразбирам политичари и под „апарат за кафе“ мислам на политичкиот простор кој им е даден на Ромите во Македонија.

Следствено, користејќи една друга метафора на шаховска табла, во рамките на „правила на игра“ во претставничка демократија каква што има во Македонија, јас ја гледам суштината на проблемот на три нивоа: прво, Ромите не се перципираат како дел од „играта“; второ, во случаи кога Ромите се дел од политичката игра, тие се само пиони; трето и најважно, во ситуации кога Ромите се дел од политичката игра (иако како пиони) прашањето што се поставува е „Кој ја игра играта во име на сите Роми?“

Некои системи ги вклучуваат Ромите како еднакви играчи, додека други ги оставаат Ромите да бидат пиони на политичката шаховска табла. Постојат системи кои креираат такви услови што Ромите попрво самостојно се одлучуваат да бидат надвор од играта, наместо да партиципираат во системи кои ги дискриминираат.

Во случаи кога Ромите имаат место на политичката шаховска табла, кој управува со фигурите? Кој игра во наше име? Моето видување е дека Ромите во Македонија иако имаат етнички политички партии и претставници, тие сеуште не чувствуваат дека нивните политички претставници работат за добро на Ромите. Вака гледано, личи дека претставничката демократија не е игра која ги застапува интересите на Ромите во Македонија. И, зошто оние коишто би требало да работат во интерес на Ромите не го прават тоа и сакаат Ромите постојано да се дел од таа бесконечна дискриминаторска игра? Одговорот ќе го најдам во горенаведената изјава на Мухамед Ајваз: затоа што се додека имаме расипана машина за кафе (политички систем/правила на игра) се до тогаш мајсторите (политичарите) ќе профитираат. Многу јасна и очигледна ситуација! Ромските како и не-ромските политичари, веќе неколку децении профитираат на грбот на ромскиот народ кој скапо ја плаќа цената за неколкуте места во последните редови од шаховската табла кои нашите играчи себично и неефективно ги користат.

Дали Ромите треба да продолжат да бидат пиони во дискриминирачка игра или можеби е подобро преку надворешен притисок да ги променат правилата на игра? А, кој би се бавел со социјален проблем (како што Ромите најчесто се перципираат)? Јас би рекол дека нашите проблеми не се само социјални, туку (и тоа како) имаат политичка позадина. Тогаш, како треба да играме ако не сме социјален туку политички проблем? Едноставно и мудро - наместо постојано да плаќаме за поправање на стара и расипана машина, да одбереме нова функционална машина! Можеби купување на нова машина чини многу повеќе од постојано плаќање ситни суми за поправање на старата. Но, ако се собере се што во последните 30 години Ромите плаќаат одново и одново, тогаш сигурно е дека вреди да се плати цената за тотална промена на правилата на игра. Секогаш е подобро да се плати голема цена за следните генерации да живеат подобро, отколку да се продолжи со бесконечно плаќање ситни цени после секои избори, одново и одново. Радикални промени во македонскиот политички систем и политичката машинерија која ја претставува ромската заедница - веднаш! 30 години е доволен период за ромскиот народ да се освести и да каже „стоп“ за бесконечната дискриминирачка игра каде постојан губитник е обичниот народ! Доста самите си биравме играчи на коишто победата и губењето им е профитабилно и кои добиваат на наш грб и во име на нашите животи и оние на идните поколенија!

П.С. ЈАС сум Сирхан!

 

 Руфат Демиров - политиколог 
 Во моментот студент во ЦЕУ

 

  Ставовите на колумнистот не ги одразува ставовите и политиката на Здружението на граѓани на Ромаверзитас и на донаторот.

 

 

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео