romaversitas.org.mk

Колумна

Вирусот во политиката (Алмира Фаслии)

И додека, минатиот месец, на големо се дискутираше за предвремените парламентарни избори што требаше да се случат, сега веќе се зборува за новиот смртоносен вирус и за тоа како да го избегнеме. Но, освен за коронавирусот, во Македонија се поприсутен и е вирусот во политиката.

Овој вирус во политиката е присутен веќе долго време. Нагризува, јаде, плука, сади омраза во нашите мали „небитни“ животи во големиот круг на општеството. Изгледа ќе немаш друг избор освен да кажеш – Што и да е, ќе помине?

 

Ама не поминува! И нема да помине! Уште од почетокот на оваа ситуација, која не принудува да се заклучиме дома, да гледаме како политичарите се љубоморни на лекарите затоа што ни го „крадат“ вниманието пред малите екрани и во живо, предлагаат милион и една причина да им веруваме, да бидеме сигурни дека тие ќе не спасат или да беа другите на власт, тие досега ќе не спасеа. Оваа нивна игра како да нема крај. Никогаш и немаше, само малкумина беа свесни за тоа.

Но, вистинското прашање е каде се Ромите во сета оваа ситуација? Секојдневно слушаме дека само Ромите го добиваат ексклузивниот пакет во карантинот. Како квази новинари, а богами и квази политичари, речиси секогаш во своите изјави ја спомнуваат Шутка и нејзините жители како нај-неодговорни граѓани, кои не ги почитуваат мерките и воведениот полициски час. Бевме сведоци на случувањата со ставање во карантин на деветемина Роми во касарната во Криволак. Од 200 луѓе што тогаш влегле во нашата држава, во карантин завршија само девет Роми. По многуте дискусии, останува отворено прашањето: како може неколкумина да го градат и огрдуваат животот на многумина, со тоа што си ги полнат џеповите и „мислат за доброто на заедницата“? Кога велам неколкумина, секако, мислам на политичарите.

Од нашите преставници во политиката нема ниту глас. „Чат-пат“ ќе се појават позади „главните“ пред камера и толку, како да не се свесни колку им треба нивната моќ и помош во овие тешки ситуации. Кога малите бизниси на Ромите полека згаснуваат поради превентивните мерки, остануваат на милост и немилост пред времето и вирусот што не тресе без престан. Невладини органиации, граѓански движења и поединци помагаат, но колку ќе можат? Доколку продолжи оваа ситуација, кога ќе се доведе во прашање нивната егзистенција и потреби, колку истите ќе даваат корка од својот леб за другите? Оние кои цел живот се мачат да врзат крај со крај? Тие кои се влечат за уши за време на избори, до кога ќе ја издржуваат неиздржливата ситуација и ќе подлегнат?

Во овие неколку месеци видовме дека новиот вирус не поштеди никого, од познати лица, политичари, лекари се до обични граѓани. И додека тие што се поекономски стабилни до сега се покажаа дека можат да се справат со ситуацијата, најмногу страдаат најкревките граѓани, меѓу кои се и Ромите. Стигматизацијата кон Ромите отсекогаш била присутна, но во некоку наврати видовме дека Ромите се користеле за омаловажување и страв дека тие најлесно можат да се заразат. Но, во официјалните документи од Институтот за јавно здравје и МВР нема ниту еден/на Ром/ка кој е заразен или го прекршил јавниот ред и мир. Во периодот што следува, останува да видиме кон кого државата ќе се приклони и за чие добро ќе работи. Дали и Ромите ќе бидат вклучени?

Сите многу добро знаеме која е омилената играчка на политичарите. Мхм, да, тоа се изборите. Сега кога се одложени, се наметнува прашањето што ќе стане нивна омилена играчка? Дали тоа ќе бидат секојдневните обвинувања од двете страни? Дали уште ќе се води битка на празно за кризната или вонредната состојба? Или ќе се појави трета страна на која ќе и смета се што кажаа првите и ќе понуди решенија во согласност со ситуацијата и за доброто на граѓаните?

Во денешно време сите се експерти за се. Така, некои мислат дека Земјата се „реновира“ (не го побивам овој факт), но тие што се малку постручни во своите области, веќе ги даваат своите прогнози за уништување на Земјата, во нашиот случај на Македонија. Со нашиот и те како кревок здравствен систем, сите знаеме дека нема долго да издржиме доколку имаме повеќе од 1000 заразени.

Кога станува збор за нашата економија и за совршениот пазар, уште од моментот кога се дозна дека коронавирусот е присутен и во Македонија, таа почна да опаѓа. Тоа што со години се трудеа разноразните политичари да го донесат со воведување на поголеми плати, сигурност и кредити со мали каматни стапки, Ковид 19 „за миг, го уништи“. Голем број граѓани користат боледувања и годишни одмори, но како што сите многу добро знаеме, тие боледувања и годишни одмори не можат да се користат со недели. Откако ќе им завршат, прашање на време ќе биде кога без работа ќе останат голем број од нив. Е тогаш нашиот силен економски систем ќе претрпи големи загуби кои ќе ги почувствуваат и нашите идни генерации. Долговите во кои тоне државата, кога - тогаш ќе не потонат во длабоките води, но се тешиме дека и другите држави се задолжуваат поради пандемијата. Но, ние не сме другите држави, ние сме малечката, но силна на зборови, мајка Македонија!

И да, коронавирусот го прикажува на виделина сето она што политичарите сакаат да го сокријат, а тоа е глупавоста. Можеби, ќе кажам само можеби, овој вирус нам на обичните смртници ќе ни донесе разборитост и можност да ги бираме стручните и докажаните лица, а не да се радуваме на „Ќе направам небото да е розево!“.

 

Автор: Алмира Фаслии

 

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео