romaversitas.org.mk

Колумна

ГЛОБАЛИЗАЦИЈА – ИНТЕГРАЦИЈА - АСИМИЛАЦИЈА (Даниел Петровски)

Глобализацијата како процес на универзална политика, креирана за потиснување на традицијата наспроти модерното општество, создаде нарација дека враќањето кон минатото може да ја уназади генерацијата и да ја направи несоодветна за сегашноста. Ако под поимот “народ“ во минатото

се мислеше на селската заедница, денес овој поим се толкува во контекстуални форми модерен наспроти старомоден народ. На балканските простори, оваа трансформација се создава кон средината на 20-тиот век, по Втората светска војна, најмногу поради индустријализацијата и напуштањето на стариот начин на живеење и миграциите село – град. Во тој процес, се создава внатрешен хабитус кој тежнее кон традицијата а сепак се навикнува на живеење во модерно општество каде моќници и глобалисти креираат форми и начин на функционирање во системот.

Чисто за да се разбере кон што целам, би го навел статусот на жената во македонското општество во однос на воспитувањето на децата и нејзиното вклучување во јавниот живот. По преселувањето од внатрешноста од Македонија (најмногу од селата) во градот Скопје, мажите работеа а жените чуваа деца. Но со процесот на индустријализација, потребата од дополнителна финансиска помош во семејството, доведе и до отворање на детски градинки, како установи за чување на децата за жените да бидат послободни и да придонесат за економска стабилност. По неколку години, преку учеството во финансирањето во семејство, се зголемуваат правата на жената во рамки на фамилијата и се формира друг вид трансформација која го негира патријархалното на сметка на заедничко донесување одлуки.

Импликации на теоријата во пракса

Би продолжил за импликациите на глобализацијата врз ромското општество во однос на креирањето на идентитет, со фокус на ромскиот јазик. Имено, трансформацијата и преточувањето на глобалните концепти во ромското општество во Македонија се бележат многу подоцна од развојот на македонското етничко општество. Според моите антрополошки истражувања, се уште може да се најдат семејства кои се засноваат врз патријахализмот. Но, во суштина, од крајот на 90-те почнува процесот на трансформација кон модерниот систем. Моите податоци говорат дека таа промена се случува поради честата миграција во европските земји, зголемената свест за образование, формирањето на општината Шуто Оризари, добивањето статус на еднаквост пред системот аисо тоа овозможување постојана, честа, дури и работна комуникација со не-ромското население и други причини.

Глобализацијата како процес бележи и влијанија врз етничките особености. Така, на пример, народните песни стануваат комерцијализирани, семејствата повеќе не наликуваат на проширени големи задруги, се забележуваат градење нови станбени семејни објекти и други промени. Трансформација се бележи дури во материјалната култура. Пример, употребата на ромската носија се користи единствено за време на свадбите а духовната култура станува формализирана наместо мултирелигиозна како во минатото. Во овој контекст би ги споменал дури и трансформациите во однос на општеството. Така бележиме честа и добра употребата на македонскиот јазик, зголемена свет за образование, поголема можност за демократија, отпочнување на процеси за инклузија со општеството преку политички партии и невладин сектори и други промени.

Покрај трансформацијата, глобализацијата како процес придонесува и кон интеграција на сите општества што го голема мера го промени националистичкиот пристап и етноцентризмот, но истовремено би сакал да ги истакнам и негативните импликации врз помалите заедници како што е ромската а се однесуваат на етничките особености.

Губење на идентитет

Имено, познатиот антрополог Крис Браун вели дека креирањето и опстанокот на идентитетот кај народите е условено од неколку карактеристики, меѓу кои најважни се верувањето во заедничка историја и минато, територија на опстојување, верувањето и практикувањето на митолошките особености кои се преточуваат во обичаи, фолклор легенди, чувството за припадност и најважната одлика - народниот мајчин јазик.

Ако се анализираат наведените карактеристики во однос на примена и континуитет, може да се заклучи дека трансформацијата од „народното“ кон „модерното“, поттикнато од глобализација, придонесува кон деструкција логиката на антропологот Браун. Имено, историјата и минатото се материја која не толку лесно се докажува а единствено преку претпоставки се согледуваат донесените заклучоци и теоретизирања. Дури и во историските теории постои разединетост: Индија, Израел или Египет. Понатаму, немањето на територијална единица на ромскиот народ доведува до создавање на културолошки разлики внатре во заедницата и се создава чувство на поделби кои имаат импликации во следната карактеристика насочена кон верување на митологиите (обреди, легенди и фолклор). Ромскиот јазик како една од најважните карактеристики во себе-идентификација претставува најважен и прв приоритет во идентитетот на заедницата. Иако и понатаму опстојува, за жал, од неодамна, е ставен во листата на УНЕСКО во групата на јазици кои можат да изумрат.

Опстојувањето на заедницата во системот на глобализација не може да се наслони само на чувството на припадност од неколку аспекти. Чувството за припадност е демократско и неприкосновено право на секој поединец и од тука следи и логиката дека поединецот има право да се чувствува и како Американец или Русин. Се поставува прашањето што не прави да се чувствуваме како Роми? Или друго прашање кој навидум ќе е контрадикторно на горенаведеното. Како да се чувствуваме Роми ако имаме дифузија во историското минато, ако имаме различна култура насекаде во светот а притоа немаме територија? Сите прашања водат кон еден единствен одговор а тоа е говорењето на мајчиниот ромски јазик!

Ромскиот јазик – помалку или повеќе ром

Морам да напоменам една феномен преку кој, свесно или несвесно, заедницата придонесува кон губење на таа единствена алка која ги поврзува сите Роми во светот. Подигнувањето на свеста за образованието и инклузијата со останатите не-Роми креираше недоверба во самиот хабитус и притоа, стравот од неприфаќањето од не-Ромите доведе интензивно да се говори македонски јазик, мислејќи дека тоа е модерно. Во студентските кругови, дури и во елитните кругови, Ромите кои го говорат ромскиот јазик, употребуваат македонски јазик наместо мајчин ромски јазик. Интеграција во општеството е двостран меч. Од една страна, инклузија и стремеж кон еднаквост. Но, од друга страна, стихијна асимилација. Во круговите помеѓу „елитата“ и помеѓу „народот“ постојат два различни ставови во однос на употребата на ромскиот јазик. Едните велат дека не си припадник на ромска заедница ако не го говориш ромскиот јазик. Другите велат дека чувството на припадност е поважно од употребата на јазикот. Интересни ставови кои отвораат можности за дискусии. Мојот личен став оди во насока на „помирување“ на страстите помеѓу националистите и модерните идеолози. Доколку константно се употребува германскиот јазик во секојдневната комуникација дури и дома, не значи дека си припадник на германската нација. Во ромските средини каде не се говори јазикот многу е важно да се согледа причината и развојот на употребата на јазикот. Тука би истакнал дека современата генерација нема да го знае мајчиниот јазик доколку тоа претходно, од колено на колено, не и било пренесено. Но, тука би застанал во одбрана на „модерните идеолози“.

Ако говориме дека изминатите генерации не ја пренесоа важната одлика за идентитетот, тоа не значи дека и понатаму треба да се браниме на таа теза и да не се преземе речиси ништо да не се изучи јазикот. Помалку или повеќе Ром не е условен од знаењето на јазикот но, условен е од желбата по слободна волја “сакам или не сакам да го говорам, сакам или не сакам да го научам мајчиниот јазик“.

Во процесот на глобализацијата каде многу јазици годишно изумираат, можно е и ромскиот јазик еден ден да изумре. Тогаш сите заедно ќе бидеме виновници. Ќе треба да ја преземеме одговорноста бидејќи јазикот ќе остане само во историските списи, чувството за припадност ќе нема со што да го храниме и ќе бидеме асимилирани како нација.

Автор: Даниел Петровски, магистранд при Институт за фолклор “Марко Цепенков“

 

Globalizacija-Integracija-Asimilacija.pdf

 

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео