romaversitas.org.mk

Наука и знаење

ЕГО ИДЕАЛ (Аријета Тахири)

Ако некој Ви постави можност да одберете една меѓу можни три особини: его, суета и достоинство, секако ќе го одберете достоинството...

Не е фер некој да Ви понуди да бирате меѓу две лоши и една добра особина на личноста, нели? Меѓутоа, патот во животот којшто ќе го прифатите нема да Ви понуди да одберете само доблести и добри карактерни особини. Животот ни дава и лекции, грешки, искушенија. Како ние ги прифаќаме и реагираме, тоа говори за нашата емотивна зрелост. И тука е долгиот пат којшто не можеме да видиме како завршува. Како да го изградиме нашиот пат (избори во животот) а да ги зачуваме добрите особини и да се изградиме во општестено прифатени личности со идеален карактер?

Прво да разграничиме со структурата на личноста. Сите имаме ИД, Его и Супер его.ИД епримитивното во нас и служи за задоволување на потребите без одложување. Слично на бебе кое има потреба само за исполнување на своите биолошки потреби, каде когнитивниот и интелектуалниот развој може да почекаат. Его е повисока норма од ИД, претставува ЈАС каколичност, кога е потребно се обидува да рационализира на некој начин и тежнее да биде „судијата“ меѓу Ид и Супер Его. Супер егото се совеста и нормите на воспитување. Рамката по која треба општествено да се однесуваме и е општо прифатено од нашите родители, средината, воспитувањето кое кажува што е „добро“ и што е „лошо“. Суетата е гладта за слава и уважување. Но, за тоа ќе говориме малку подоцна. Да се навратиме на егото и да објасниме зошто оди заедно со неговата придружничка „суетата“? Проблемот не е во поседување на егото. Да, добро е ако го имаме и треба да го имаме, затоа што ако воопшто го немаме ќе бидеме вечни понизници на другите. Се јавува проблем кога се губи тлото и кога општествено владееме со успеси. Тогаш ја губиме перцепцијата за тоа што навистина е реално околу нас и егото почнува да се преценува. Ни дава емоција на надмоќ, налет дека може да постигнеме се што не е погрешно. Можеби можеме, се е до нашата моќ на размислување. Меѓутоа, Егото мами! Тоа го започнува ланецот на себеволието, преценетоста, бидувањето секогаш во право. Доминантен нарцис!! Секогаш мора да е во право и да одлучува, затоа што тој знае најдобро. Мамката на застојот во личниот интелектуален развој. Понекогаш треба да сте непријател на самите себе и да постапувате против моменталната волја. Не е чудно што суетата е слична на него, како да се потпомагаат. Стравот од „понижување“ е оружјето на суетата. Да не се понижувате ако прашате или замолите некој да ви покаже како треба да се направи зададената обврска во моментот.

Суетата е нешто што не дозволува да прашаме кога не знаеме. Поведени од мислата дека тој некој не може да биде подобар од нас. Дека сме стигнале на оваа позиција затоа што сме заслужиле и нема да се „понижуваме“ некој да ни кажува кој треба уште многу да учи во животот за да не достигне до нивото кое сме денес. Значи егото е секогаш во право, секогаш знае. Суетата го штити со стравот од понижување. Но, имам впечаток дека меѓу мостот на нашето воспитување и средината, егото се меша со гордоста, суетата и достоинството. Немаме доволно свест и знаење да ги разграничиме. Сите овие карактерни црти се доживуваат како достоинство.

Достоинственост е она кога веќе почитта не е „послужена на масата“. Англичаните користат фраза со која многу добро ја опишуваат ситуацијата “time to leave the table”. Ете, тоа е достоинство. Да ја напуштите масата кога почитта не е послужена на масата. Да бидете достоинствени значи да знаете КОГА да заминете и да се почитувате самите себе кога веќе се нарушува вашиот интегритет на личноста и самопочитта. Кога не сте почитувани, омаловажувани, навредувани и вашата вредност како личност е небитна.

И сега доаѓаме до кулминацијата. Како сите овие состојби се мешаат и постапките ги оправдуваме со картата на „достоинството“? Проблемот е генералното непознавање на нашата личност, неприфаќањето на грешките и малото тежнеење да работиме на својот личен развој. Никој не се родил со знаење и не се родил „идеален“. Нормално е да не знаете се, посебно кога сте на почеток на вашето студирање, работа и кога сте во вашите 20-ти години. Тогаш од Вас се очекува многу докажување, емотивно созревање, постигнување на многу успеси и формирање на се што претставува идеално и прифатено од општеството. Во трка сте со времето, иако товарите кои ги носите на вашиот грб Ви ја отежнуваат трката. И затоа е нормално и да не ги препознаете суетата и преголемото его. Тие се разоружуваат со храброста да се биде реален и искрен кон себе си. Признајте си дека не знаете... Никој нема да Ве осуди освен самите себе... Признавањето и храброста да се научи и да се „плукне“ вистината во лице пред Вас и пред другите Ви е најдобро оружје за знаење и разликувањето на реалното од тоа што мислите дека другите го гледаат или го мислат за Вас.. Учете, прашувајте и повторно прашувајте додека не научите, додека не се уверите дека добро сте научиле и сфатиле и ако треба да носите одлука, прашувајте, разговарајте со кого е потребно за да се уверите дека одлученото е доволно добро. Не може да е најдобро. Не постои суперлатив во животот. Нешто најдобро, нешто најпаметно. Затоа што кога ќе мислите дека сте ја постигнале најдобрата верзија од себеси, најдобрата одлука, ќе откриете дека можете и подобро. Кога ќе видите нешто најубаво, животот ќе Ви покаже поубави и повредни работи за Вас. Само треба да бидете во постојана потрага за подоброто, попаметното, без штедење, скромни, со здрава самодоверба и проценување на моменталните реални капацитети. Бидете ѕверки за самите себе. За подобра верзија од себе а не да ги задоволите другите, нивните норми или за да го постигнете ИДЕАЛОТ. Затоа што во потрага по идеалот се раѓа злото.

 

egoideal.pdf

 

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео