romaversitas.org.mk

Наука и знаење

Чистиот ум и имагинацијата – локална уметност - светско богатство

КОНТЕКСТУАЛНА ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТА

Емоциите, чувствата и мислите отсекогаш се искажувале на различен начин, како во минатото така и сега. Сакајќи да ја искажат својата емоција кон општеството, употребата на медиумот „уметност“ како средство за споделување на внатрешната експресија претставувала сатисфакција за Шекспир, Пикасо, Моцарт и други уметници. Најчесто, мотивите за уметноста произлегувале од народното живеење и секојдневието на обичниот човек.

Со тек на времето, таа локална култура, на пример, кај Англичаните преку драмите на Шекспир, стана колективна и со процесот на романтизмот и класицизмот, стана и национална идентификација. Во овој контекст би го споменал и примерот со сликата на Леонардо да Винчи, кој ја насликал својата бремена сопруга Лиза дел Џокондо по претходна нарачка од некој богат аристократ од Фиренца. Емоцијата и љубовта кон својата жена, пренесена преку маслени бои врз табла од топола во текот 16 век, “Мона Лиза“ стана најпознато светско дело во сликарството, но истовремено и национално и светско богатство. Ова го велам во контекст на општествената уметничка творба чие потекло отсекогаш доаѓала од локалните средини. Во минатото, националните општества, како на пример англиското, италијанското, француското и шпанското, културно се развиваа преку уметноста на делата на големите уметници кои во современоста стануваат и светски ликови.

Состојбата со уметноста кај Ромите, низ историјата бележи неколку значајни уметници кои оставија силен впечаток во европската култура кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Од нив може да ги издвојуваме Чарли Чаплин (филмска уметност, Англија), Џанго Реинхард (музичка уметност, Белгија), Јоакин Кортес (танцова уметност “фламенго“), Пана Цинка (музичар виолинист од Унгарија) и многу други артисти чии што дела имаат висока оцена кај критичарите. Современата уметност кај ромската популација во Северна Македонија, започна да се развива после 40-те години од минатиот век. Формирајќи го КУД “Пхралипе“ (мак. Братство), се разви фолклорната дејност а преку неа и уметноста на пишаниот збор. Во оваа рамка, особено би ги истакнал почетниците на современата ромска литература како што се Шабан Иљаз, Дисоран Зекир, Јусуф Сулејман, Азиз Селим, Ибраим Џемаил, Севдија Демирова Абдулова и други.

Драмската уметност започна импулсивно да се развива со формирање на театарот “Пхралипе“ чиј режисер беше Рахим Бурхан, човек кој остави длабоки корени во драмската и театарската уметност во поранешна Југославија и во Европа. Неминовно, најголем придонес во развојот на ромската музичка уметност остави примадоната Есма Реџепова, чии дела и музика се вбројуваат меѓу најдобри 50 на светско ниво. Исто така би сакал да го споменам и единствениот Ром диригент во македонската филхармонија Џијан Еминовски кој на импресивен начин ја пренесува не само ромската, туку и светската музика низ концертните сали во Европа. На крајот од редоследот, но не помалку важен, е и уметникот и вајарот Оскар Мамут.

ПРИМЕР ЗА ПРИМЕР – ЌАЗИМ ДУРМИШ

За жал, мора да се признае дека сепак уметноста кај Ромите во Македонија се уште е на ниско ниво. Овој проблем може да се согледа низ призмата на немање кадровски професионален потенцијал и недоволната промоција на уметниците. Потребна е институционализација на ромската уметност за да стане видлива и надвор од локалното население. Статистички гледано, кадровската подготвеност е минимална а дел од ромските уметници, својот пат успешно го трасираат во европските земји.

Современиот живот на ромската заедница, многупати, е отсликан преку перото и замислата на сликарот Ќазим Дурмиш, уметник од Македонија, кој својот пат го продолжи во Белгија. Дипломирал во Скопје 2011 година на факултетот за ликовни уметности. Неговата имагинација креирана од мотивите на ромското секојдневие ја претставил на неколку пати, организирајќи самостојни изложби во Скопје и во Брисел. Учествувал на многу копродукциски проекти каде неговите дела биле претставени пред европската публика во Тирана, Брисел, Лесковац, Милано. Интересно е тоа што Дурмиш Ќ. можеби е и единствениот Ром чија што уметничка рака директно учествувала во креацијата на еден споменик во рамките на проектот Скопје 2014. Освен со сликарството, Ќазим Дурмиш омилено уметничко изразување му е и вајарството а од таа област може да се пофали со многу создадени дела, меѓу кои и ликот на Есма Реџепова, скулптура поставена во нејзиниот музеј. Според него, потенцијал за уметност има кај ромската заедница бидејќи знае да го искаже својот став на уметнички начин. За списанието РОМА ИНДЕКС вели дека патот до успехот е тежок но упорноста на уметникот, а со тоа и исполнување на сопствената внатрешност, секогаш се исплаќа.

„Кодовите и знаците кој уметникот ги пренесува преку своето дело често се препознаени од страна на ромската публика, било да се тоа апстрактни имагинации или кодови кои имаат хумор или сатира. Ромската заедница знае и подржува уметност, но потребна е поголема институционална поддршка за целовит развој“ – вели Ќазим Дурмиш

КАДРОВСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ V.S. ИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА

Во изминатите три години (2016, 2017, 2018) од сите дипломирани 71 студенти Роми, само 4 завршија факултет кој има уметнички дискурс. Интересен е и податокот дека, во академската 2018/19, од вкупно запишани 70 студенти во прва година на студии само двајца студираат уметничка насока (музичка академија). Од податоците може да се види дека интересот за запишување и студирање на уметничките насоки е сведен на минимални нумерации кои даваат основа за понатамошно истражување на состојбата преку други дисциплини.

Здружението “Ромаверзитас“ во последните неколку години активно дава поддршка на ромските средношколци и студенти без разлика на нивниот профил на студирање. Од таму велат дека преокупацијата на општеството со проблемите од секојдневието го делегираат патот и при профилирањето на студиите и преку тоа да се изнајде побрз начин кој ќе обезбеди финансиска стабилност и иднина кај самите студенти и нивните семејства.

“Мал е бројот кои учат и студираат во уметничките насоки. Лица кои се талентирани за уметноста, студираат или учат сосема друго, а нивниот талент ко интерпретираат како хоби но не и како професија. Имаат страв дали ќе имаат сигурна иднина во уметноста, дали би се вработиле на областа со која ќе се стекнат со називот на дипломирањето, вели Шенас Имер, административен асистент во “Ромаверзитас“.

Институционализација на ромската уметност во Северна Македонија, се уште, е тема во неформалните разговори меѓу државните институции а најмногу разговарано за време на кампањите на политичките партии за да се добие глас повеќе од ромската заедница. Но, исто така мора да се признае дека и интересот на меѓународната заедница (ЕУ и НВО), вклучувајќи ги стратегиите за инклузија на Ромите на европско ниво, не ја прокламираат идејата за културна и уметничка еманципација на Ромите, секогаш бележејќи го тој приоритет како незначаен и помалку битен за севкупна интеграција во општеството.

Реализација на ромската култура и уметност во Северна Македонија, финансиски е поддржана од страна на Министерството за култура преку минимални проекти кои не можат да ја задоволат авторската компетенција а уште помалку за реализација и промоција на делата.

Ќе се најде ли можност и модел за инклузијата на ромската уметност во институционализирана форма? Ќе се овозможи ли делото на ромскиот уметник да биде национално богатство како „Ромео и Јулија“ на Шекспир во Англија или „Мона Лиза“ на “Леоданрдо да Винчи“ во Италија и Франција? Ова се сериозни прашања кои одат во насока на градење на колективен идентитет неопходен за зачувување на свеста за битието на ромската заедница.

Автор: Даниел ПЕТРОВСКИ
Магистрант при Институт за фолклор “Марко Цепенков“

 

RomaIndex-19-article_3.pdf

 

 

 

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео