Занимливости
Пациент или инфективен ум? [Аријета Тахири]
- Детали
- Објавено: Петок, 20 Март 2020 14:52
- Посети: 1253
Бори се или бегај! Емоционална реакција кога телото се подготвува за опасни околности по животот. Истражувањата на невролозите го докажуваат ова со каскада сигнали кои се создаваат во мозокот и патуваат низ телото. Но, колку постои реална ситуација за да се создаде ваква каскада на страв и паника? Во вакви услови кога е прогласена пандемија, почнува да се јавува инстинктот на човековото битие за преживување.
Прашањето е колку ние сме во таква реална ситуација која бара да создаваме начини за преживување кога слушаме дека постои опасност од вирус кој носи жртви? Стануваме пациенти или околината ни го инфицира умот со хаос и паника и ние го дозволуваме тоа?
Сите психолози во состојби на имагинарен страв советуваат да бидеме присутни во сегашноста. Свесноста и вештината да се биде сега. Колку полесно ја познавате својата свесност, толку полесно живеете СЕГА. Џенет Рејнвотер, основач на Институт на Гешталт-терапија и едукатор на психотерапевтски семинар, свесноста ја дели на три дела:
- Мозочен џагор или размислување, расудување, потсетување, фаза кога треба да бидеме свесни да не се притискаме себеси со задачи кои треба да ги завршиме. Кога ќе стигнеме, тогаш, во ваква ситуација и не ве брза никој, нели?
- Сетилна свесност, бидете присутни во моментот, свесни за тоа што се случува околу Вас реално.
- Телесна свесност или какви и да е - пораки што доаѓаат од вашите мускули, зглобови итн.
И сега сигурно Ви се јавува прашањето „што ако развиеме само еден од симптомите а не сме биле во контакт со никој кој пристигнал од ризичните земји и не е доволен за дијагноза? И тоа во период кога сите сме во домашна изолација?“
Не дозволувајте еден симптом да Ве натера да изгубите контрола врз сами себе. Ако сакате да бидете сигурни, јавете се на матичниот доктор. Доколку смеете - посетете го и посоветувајте се. Ќе откриете дека е психосоматска состојба. Кажано со поедноставни зборови, психологијата го објаснува ова како: „развиваме симптоми, затоа што имаме страв да не ги развиеме“. Може да се работи само за лесна форма на инфекција.
Применувајте превентивна терапија
Слушајте жанр на музика што Ве опушта,. Пример, џезот и не е така монотон, знае да Ве натера на размислување, инспирација и најчесто „нуди решение“ за долгоочекуваниот текст/извештај кој требаше да го напишете или други работни обврски.
Пијте го омиленото кафе/коктел (можеби сега е вистинско време да научите дома да го направите).
Заедно со кафето, прочитајте ја книгата која немавте време заради испити/работни обврски (ама можеби заради тоа..). Или гледајте ги филмовите за кои слушнавте дека се популарни од колегите а немавте можност да влегувате во така „длабоки“ дискусии за квалитетот на нивната содржина.
Поправете нешто дома кое, одамна, е скршено и сте го заборавиле. Претворете го во предмет кој ќе ви користи за друга намена. Интернетот нуди милион креативни начини.
Со колегите, пријателите, соработниците, познаниците, разговарајте за теми кои Ви биле предизвик. Најчесто сме пријатно изненадени од начинот на размислување и знаење од личност која не сме очекувале, нели?
И за крај, мала илустрација, односно метафора: не дозволувајте патот (круната) во животот да Ви биде детерминиран од (вирусот во нашиот мозок) променливи состојби кои остануваат во минатото. Не заборавајте дека тој е подемот и падот за сите наши подвизи и состојби. Лекот за сите решенија но и вирусот во нашиот ум.
Бидете сигурни дека правилно сте го „штелувале“ кога станувате наутро. Да работи во ваша корист.
Уживајте во животот и останете фокусирани на целите кои сакате да ги постигнете!
Таму сте најдобри!
Автор: Аријета Тахири
Рамка:
Што е Ковид 19?
Припаѓа на фамилијата Coronaviridae, род Coronavirus кои се припадници на фамилијата големи РНК вируси. Корона вирусите имаат хеликална форма, таа има тенденција да се менува а РНК вирусите имаат способност за рекомбинација. Веќе може да претпоставите што следува. Под поволни услови, тој е стабилен а кога нема услови за преживување, тој се уништува како што е случајот со САРС (тежок акутен респираторен синдром). САРС, исто така, спаѓа под фамилијата Coronaviridae. Во 2002 се појавува во Кина а во 2003 се прогласува епидемијата. Зошто во Кина? Има податоци дека извор на зараза биле мачките и се пренел на човекот преку феко-орален пат(од измет преку нечисти раце во уста). Вирусот е стабилен во фецес(измет) и урина а доколку се загрее на 56 С, тогаш се уништува. Зошто сите овие податоци и која е сличноста помеѓу овие два вида? И двата вируси се уништуваат, двата имаат променлива структура (за САРС веќе знаеме дека се уништува на висока температура). Затоа, кој може да тврди дека мислењето на некои експерти не се точни и дека доаѓањето на топло време може да го уништи и Ковид 19?