romaversitas.org.mk

Занимливости

Социјализација или де-социјализација на студентите? (Џенгис Бериша)

Секое современо и модерно општество негува сериозен пристап кон општествени области на живеењето, меѓу кои се вбројуваат забавата и дружењето на студентите. Секако, со ова до израз доаѓа и манифестирањето на нивната меѓусебна социјализација, која денес прераснува во де-социјализација.

Секој млад човек, секој студент секогаш треба да се однесува во согласност со максимата дека социјализацијата претставува забава и меѓусебно дружење. Преку дисеминацијата на информации и знаења, како основно начело, студентот треба да го негува принципот на доброто, кое ќе биде во контекст со нормите и вредностите што ги имплицира социјализацијата, без примена на нови трендови (технологија, стилови на однесување и слично).

Општеството, преку своите агенси овозможува социјализација на поединци и групи а студентите како значаен општествен фактор и феномен, имаат посебно место во процесот на нивна (де) социјализација. Во овој контекст, важно е да се потенцира дека забава претставува разонода наменета да го задржи вниманието на публиката или нејзините учесници, која најчесто се одвива во дискотеките и кафулињата кои се фокусот на студентите. Притоа, се забораваат киното, театарот, операта, драмските секции, студентските посети и размени.

Социјализацијата е активен и долготраен процес кој се одвива во животот на личноста, воведување на младиот поединец во општествените процеси и односи. Не станува збор за еднонасочен процес, напротив процес кој е поврзан со секое социјално случување. Меѓусебната социјализација на студентите им овозможува да станат членови на општеството, а со почитување на нормите и вредностите им се олеснува пристапот да ги играат улогите во повеќе сегменти од животот.

Денес, наместо социјализација постои де-социјализација, која се создава со примена на нови трендови и прифаќање на норми на однесување во околината од генерација на генерација. Тоа е процес со кој се овозможува нестабилно функционирање на студентите. Таквите новитети, трендови и стилови (кои што студентите самоволно одлучуваат да ги практикуваат) предизвикуваат обратно-пропорционален процес на социјализацијата, прераснување во нестабилни членови и нефункционалност во извршување на општествените задачи и улоги.

Во насока на обезбедување релевантен одговор на темата и испитување на ставовите, разговараме со неколку студенти, кои се обидоа да одговорат на едноставното прашање „Како студентите се забавуваат, дали се социјализирате или де-социјализирате?

Озген Сулејманоски, студент во прва година на Музичка академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, студиска програма - Соло пеење

Озген Сулејманоски

„Ние, конкретно зборувам за студентите од музичка бранша, мислам дека имаме приказ како студентите може да се дружат, иако се гледаат по првпат. Ќе почнам со нашето прво видување т.е. првиот час по солфеж.

Доаѓаме неколку студенти во просторијата за час, но пред неговиот почеток. Еден од нас седнува на клавирот и почнува да свири некоја песна од Тоше и останатите ја пееме. За неколку секунди влегуваат и останатиот дел од студентите кои се придружуваат со своите гласови или инструменти. Создаваме музика, создаваме целина која звучи како договорен проект кој веќе подолго време се подготвува. Така без збор, се запознаваме еден со друг. Кој, што свири и што професија си преодредил за во иднина.

По завршување на првиот студентски час, групата се подели на два дела. И двете новонастанати групи одиме во ист кафич и седнуваме на спротивни маси каде веќе се разменуваат првите зборови и ракувања. Првите разменати мисли и цели доаѓаат до израз пропратени со некое селфи, некој телефонски повик, инстаграм.... Но, сепак муабетот трае и трае и трае... се до наредниот час на кој се доаѓа некоја минута предвреме за да се направи уште по некоја песна. Овие дружења не наликуваат на оние од порано, но сепак, за генерација која е дигитализирана и малку сака зборување, за генерација која е импулсивна и верувајте, многу индиферентна (не секогаш), овие дружења се задоволителни.“

Ферзије Асаноска, студент во трета година на Економски факултет - Прилеп при Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола, насока Сметководство и ревизија

Ферзије Асановска

„Студентите кои доаѓаме од ист град и сме колеги на ист факултет, најчесто се де-социјализираме затоа што се познаваме, често сме во контакт преку телефон или социјалните мрежи и од тие причини, поради презаситеност од меѓусебни информации, нема што да споделиме. Праксата кога ќе излеземе на „кафе дружење“ се сведува на озборување/трачарење или најчесто, користење на нашите мобилни телефони.

Споредбено, ние како студенти се социјализираме само кога се дружиме со студенти од различни градови и со оние со кои не се познаваме, а тоа е преку еден кој што ќе биде линк да те поврзе. Само на таков начин ги забораваме нашите мобилни телефони и користиме социјални мрежи, иако постепено нашата социјализацијата преминува во десоцијализација поради немање чести контакти и опкружувањето со смарт технологија. Мислам дека треба да запознаваме повеќе нови студенти од различни градови и факултети, да правиме студентска размена во различни држави за општо добро на секој студент! “

Џенгис Мемедоски, апсолвент на Педагошки факултет Св. Климент Охридски при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, насока Предучилишно воспитание

Џенгиз Мемедоски

„Зошто ги игнорираме важните работи кои што не опкружуваат? Можеби затоа што Фејсбук профилот ни е поважен или броењето лајкови кои што сме ги добиле на препишаниот статус или на copy-paste мисла на некој/а познат/а личност“.

Во секој случај, во денешно време, на студентот многу поважно му е да има слика на Фејсбук (од последната студентска забава) со минимум 10 празни чаши на масата во кафе барот отколку да знае да одговори на некое актуелно прашање, нешто што лебди околу него. Него не му е грижа затоа што сега, се уште, е во добата на „најубавите години од својот живот“ и одлучил да ги помине најдобро што може, не размислувајќи што ти носи времето утре, што има малку подалеку од својот нос, подолгорочно во иднината.

Денес, приоритет е Фејсбук, забава и долг сон. Порано студентите биле ограничени во своите можности, без технологија со мал напредок, но сепак биле среќни.

Во време на дигитализација, кога дружењето и личните односи се заменуваат со комуникација на телефон и компјутер, образованието исто така се менува и бара постојано прилагодување. Младите луѓе имаат многу малку време за рекреација, како и се помалку време за активно дружење, кое некогаш беше многу популарно. Се што денес е погрешно - тоа се социјалните мрежи кои ја скратуваат социјализацијата.“

Семра Берат, дипломиран Економист и студент на постдипломски студии на Економскиот факултет при Универзитет за Туризам и Менаџмет - Скопје, насока Економски студии

Семра Берат

„21-ви век е време каде што сите се социјализираат и дружат преку интернетот. Мобилните телефони и другата технологија (таблет, лаптоп и слично), во денешно време нема студент кој што нема мобилен телефон и наместо со другарчињата студенти, се дружат со нивните телефони. Не сметам дека мобилните не се добра алатка, но во денешно време наместо да се социјализираме, ние се де-социјализираме. Тоа не важи и за сите подеднакво, на пример., ние студентите од постарите генерации малку бевме поразлични, се дружевме, одевме по семинари и екскурзии и времето како деца го поминувавме на улица, а не пред компјутер или со мобилниот телефон опкружени со интернет.

Студентите во денешно време се поделени во групи, едни коишто сакаат своето време да го минат на социјалните мрежи, други да се дружат и да одат по забави. Мал дел одат по состаноци, семинари, се дружат со луѓе и создаваат нов круг пријателства.“

Во поголемиот дел од изјавите преовладуваат потврдни ставови дека студентите не се забавуваат, односно потврдуваат дека социјализацијата се манифестира во нивна де-социјализација. Затоа, препорачуваме:

  1. Социјализацијата е општествен предизвик за кој треба да се залага секое општество кое се стреми нормално и непречено да функционира, бидејќи де-социјализацијата претставува пречка – инхибиција за успешен психички, социјален и личен развој на единката во општествената заедница;
  2. Атмосферата во општеството, секојдневните настани и случувања се директните фактори кои влијаат врз конкретното однесување на студентите за нивна социјализација. Затоа потребно е зајакнување на семејните односи, воспитувањето, училиштата, т.е образованието, меѓусебното дружење, медиумите и интернетот каде може да се забележат голем број причини и поводи за де-социјализација;
  3. Улогата и функцијата на секој професор е еден од клучните фактори во процесот на социјализацијата. Затоа неопходно е сериозно да се посветат на овој процес, пред се во насока на креирање морално, етички и емоционално здрави генерации кои ќе градат стабилно и отворено општество;

Отварање на повеќе центри за социјализација и други мерки и инструменти кои ќе го подобрат и исправат животот на студентите, затоа што студентите се иднината на секое општество.

 

Socijalizacija-ili-de-socijalizacija-na-studentite---Dzengis-Berisha.pdf
Автор:
Џенгис Бериша - Правник/Студент на постдипломски студии на Факултетот за правни науки во Битола, насока Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија

 

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео