Занимливости
Уметноста на заведувањето (Фатиме Абдулова)
- Детали
- Објавено: Среда, 10 Јуни 2020 13:22
- Посети: 1216
Како и во секоја уметност, треба да знаеш што за да знаеш како. Кога станува збор за уметноста на заведувањето, прво што ми доаѓа на памет е да се запрашам ШТО сакам од личноста со која флертувам.
Сакам да е тоа, една вечер, хаотична, залиена, насилена, комерцијална до бескрај, или сакам да е тоа, една вечност, спокојна, надувана, испотена, спонтана за нашиот свет до бескрај. Ова првото е како петпаречка комедија за масата, само го следиш шаблонот и штанцаш. Ова второто е претстава која е момент и цела вечност, и за авторот и за публиката. И во театарот и во заведувањето сум за ова второто, но, сега доаѓа прашањето КАКО?
Остани природен, онаков каков што си за да се увериш дека е ова публика за твојата претстава, ако им се допаднеш секоја наредна изведба ќе ја играш со леснотија и ќе сакаш постојано да ја играш затоа што не ја играш, туку живееш.
Во спротивно, кај оние од првата група, ако се натрупаш со гегови извадени од фиока, брзо ќе здосадат и ќе бидеш еден од многуте шаблонирани.
- Биди темелен
Анализа на секоја реплика, добро анализирај го текстот за работа
- Биди искрен
- Верувај во она кое го правиш, верувај во својата уметност, ако самиот не веруваш апсурдно е да го натераш другиот да поверува,
- Биди добар слушател
Не за џабе имаш Една уста, две уши
Жените употребуваат околу 50,000 зборови на ден, и доколку слушаш добро, тие споделуваат за себе многу работи, и покрај тоа, колку повеќе слушаш , толку се големи шансите да ја заведеш, затоа што таа веќе е слободна со тебе. Воедно, верува дека ти си сензитивна и грижлива личност за неа, што е плус за тебе.
- Бенџамин френклин ефект
Бенџамин Френклин предложил психолошки феномен според кој луѓето сметаат дека им помагаат на другите затоа што им се допаѓаат. Ова е вистина, дури и ако тие всушност не го чувствуваат истото , затоа што нивните умови се борат да одржат логичка конзистентност помеѓу нивните постапки и сфаќања. Поточно , побарај помош од девојката која ти се допаѓа, за да почне да мисли дека и се допаѓаш.
- Хумор
Хуморот покажува дека си интелектуално силна и способна личност, а голем дел од жените го обожуваат истото, затоа што не сакаат да родат глупави деца. Покрај тоа, смеењето го лачи хормонот Окситоцин, кој уште се нарекува хормонот на љубовта, и помага во поврзувањето на луѓето меѓусебно.
Пробај да ја насмееш со детски шеги, и покрај тоа што не е твоја смисла за хумор, но доколку и тоа не делува, сарказмот секогаш е тука до тебе.
- Сличностите се привлекуваат
Кој не би сакал да се дружи со луѓе кои имаат исти интереси како и нивните? Никој, затоа истражи што и се допаѓа, и истакнувај ги суптилно сличностите кои ги имаш со нејзе, таа несвесно ќе те надополнува.
- Скрши го мразот и допри ја
Еден од клучните фактори за здрава, долгорочна врска е одржување на физичката интимност. Не зборувам само за сексуални односи, иако - од повеќе причини, не сексуалната физичка интимност е исто толку важна. Допирот е форма на комуникација. Може да открие сè, од моменталната состојба на расположението на вашиот партнер, до нивото на стрес. Покрај тоа, допирот го стимулира ослободувањето на окситоцинот, хормон вклучен во чувството на врзаност. Затоа, допирот може да ве приближи до партнерот и физички и психички.
- Отвори и се
Поточно, раскажи и за твоите трауми, несигурности, фрустрации ,тајни и слично, но остави нешто и на нејзината имагинација, и дозволи да бидеш малку мистериозен. Раскажувањето на твоето животно патешествие, ќе ја натера да мисли дека ти се чувствуваш комотно пред нејзе, и и веруваш, воедно, и таа ќе почне да зборува на истите теми. Жените се емоционални суштества, и обожуваат емоцинална комуникација, поготово со спротивниот пол. Со тој разговор ќе предизвикаш кај нејзе чувство на сигурност дека има дел во твојот живот, тоа ќе ги поттикне односите, воедно и задржи.
Среќно момци, уживајте во пробите за претставата која ќе ја играте пред девојките, за крај уште нешто, и откако ќе ја заведете личноста која ви се допаѓа, не престанувајте и понатаму да флертувате со нејзе, не заборавајте дека, најдобрите претстави долго остануваат на репертоар.
Umetnostanazaveduvanjeto-FatimeAbdulova.pdf