romaversitas.org.mk

Ромски идентитет

Ѓурѓовден, празникот на легендите, традиција на сите или на Ромите ? (Аријета Тахири)

Ѓурѓовден се слави години наназад. Денес некои го слават затоа што го знаат неговото значење. Други не го слават. Многумина мислат дека Ромите имале практика да превземаат празници и да ги слават, затоа што се весел и мирољубив народ. Стереотипи ли се ова или не се?

Причина повеќе за гозби и веселби или симбол на децениска традиција? За да ги замениме дилемите, прашалниците и стереотипите со релевантни податоци, побаравме одговори од професор Љатиф Демир за историјата на овој празник и зошто се слави „повеќе“ кај Ромите.

„Традиционалниот празник Херделез (Ѓурѓовден) се слави од 6-ти до 9-ти мај. Со овој празник Ромите го прославуваат заминувањето на зимата и доаѓањето на нивното најомилено годишно време - летото. Претходно ги чистат и бојадисуваат своите куќи во разни бои. Купуваат нова облека и обувки за да бидат променети, како што се променува природата. Ден пред прославата на празникот, 5-ти мај, одат во религиозните храмови во знак на благодарност кон Бога. Истиот ден собираат зелени гранки од топола и разни пролетни цветови со кои ги китат куќите и ги бањаат своите деца за да им бидат здрави како природата и високи како топола. Во доцните попладниња ги колат јагнињата во чест на празникот. Овој празник трае четири дена и се обележува со посета на роднините и пријателите, со многу музика и богата трпеза. Последниот ден (4ти ден) Ромите со излегување во природата и ја испраќаат зимата и го очекуваат летото“, вели Д-р. Сц. Љатиф Демир, Филозофски факултет – Загреб, отсек за Индологија и далекоисточни студии, дипломски (магистерска) студија: РОМИСТИКА.

Според него, главни обележја на овој празник за Ромите се животните вредности, како што се љубовта, среќата, задоволството, усогласеноста и мирот.

„Затоа што тоа се универзалните принципи и никој нема „авторски права“ над нив. Тие празнични животни вредности подеднакво се подарени на сите живи суштества - на растенијата, животните и на луѓето.Ромите имаат двозначно славење на овој празник кој го носат со себе како животна вредност од нивната прататковина Индија. Во Херделез/ Хедерлез (некои научници овој ромски празник го именуваат и како Какави) се спојуваат два значајни празници - празникот Холи и славењето на Божеството на Индра. Празникот Холи е многу стар по потекло, се опишува во древните списи на Индија (во нивните сутри) и има свое длабоко духовно значење. Суштината на овој празник, со кој се врзуваат многу митови и легенди, е прослава на конечната победа на доброто над злото. На самиот ден на празникот, кој се нарекува и фестивал на боите, луѓето со голема радост меѓусебно се залеваат со бои, играат, слават, се веселат и оддаваат добредојде на летото.

Второто значење е славењето на Божеството на Индра, кој за разлика од многуте други ведски божества има и своја човечка форма. Многу митски форми во борбите со демоните му се придава на Индра, но еден мит посебно е врзано за Индра. Во тој мит страшниот змеј/ змија по име Вртра (во превод Препрека) ја заробил водата од реките и не дозволувал да се наводнуваат житните полиња или да се обезбеди вода за пиење на луѓето или животните. Индра го убива змејот, ги ослободува водите и на целиот жив свет му носи просперитет и изобилство со вода која е многу важна во човековото опстојување.

Накратко тоа е објаснувањето на врската на Ромите и Херделез. Овој празник е врзан со нивниот идентитет. Секако самата тема бара многу објаснувања и се надевам дека во блиска иднина би требало да се одржат отворени предавања на теми како што се „Ромските традиционални празници и нивниот идентитет“ и „Празниците, Ромите и нивната идентификација со нив“, дообјаснува Демир.

На овој начин, верува професорот, ќе се расчистат многу дилеми во ромската популација и ќе се откријат многу работи од нивното минато, сегашност и иднина.“

Дека не постојат авторски права за да се одбележува мудроста и рамнотежата на универзалните принципи говорат многу извори на податоци кои докажуваат дека Ѓурѓовден го празнуваат и други народи ширум светот. Некои го одбележуваат како национален празник, други како празник патрон на држави и градови. Се поврзува со војводата „Св. Георгиј“ кој верувал во Господ Исус Христос и го прифаќал христијанството. Неговото прифаќање на верата му носи смрт а во легендите е светец кој ја убива ламјата која правела голема штета на народот. Оттаму, Светата црква го празнува како Великомаченик или во Македонија како Ѓурѓиц. „Свети Георгиј“ се споменува во Москва, Англија и Каталонија и претставува патрон на Грузија.

Македонците, исто така, го слават и одбележуваат Ѓурѓовден како симбол на започнување на летото што сметаат дека трае до Митровден. Тоа го опишуваат со поговорката „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден”. На овој празник постои обичај да се одбираат нови сточари, овчари и слични поглавари во земјоделството и сточарството. Затоа се смета и за земјоделски или сточарски празник. Легендата за Св. Георгиј не изостанува и тука. Исто така и за нашите сонародници претставува т.н „небесен клучар“ кој ги контролира природните појави, односно поточно, има моќ да имаат топло лето и богат бериќет.

Судот го оставаме на Вас драги читатели. Сепак, новите генерации се тие кои одлучуваат за негување на традицијата, имаат право на мислење и избор на сопствен животен стил и верување.

 

Gurgovden, praznikot na legendite, tradicija na site ili na Romite - Arijeta Tahiri.pdf

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео