romaversitas.org.mk

Повик за уредувачки тим на електронското списание Рома Индекс број 1 и 2

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, објавува повик за уредувачки тим на електронското списание „Рома Индекс“ број 1 и 2. Проектот  е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.

Електронското списание „Рома Индекс“ преставува медиум каде студентите Роми од различни студиски програми, алумните на РОМАВЕРЗИТАС и експерти Роми од различни области ќе имаат можност да го изразат нивното критичко размислување, нивните ставови, анализи, полемики, информации и слично, во однос на различни актуелни прашања и теми кои ќе ги потикнат читателите да размислуваат, да се информираат, мотивираат и едуцираат.

 

Документите за аплицирање треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 15 Јуни 2016.

povik_za_roma_index_1_2.pdf

Повик за Програмата за зајакнување на академските постигнувања и личните капацитети на студентите Роми во Република Македонија за академската 2015/2016 година

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува повик за вклучување во Програмата за зајакнување на академските постигнувања и личните капацитети на студентите Роми која овозможува туторство, курс по Англиски јазик, курс по комјутери и работилници за зајакнување на ромскиот идентитет.

 

 Povik za Programa.pdf

 Prijava za Programa.doc

 OnLine форма за пополнување на пријавата

Повик за обучувачи/фацилитатори за испорака на обуки и работилници

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува повик за обучувачи/фацилитатори за испорака на обуки и работилници за менаџирање на време, комуникациски и презентациски вештини, техники за ефикасно и ефективно учење, техники за академско пишување и методологија на научно-истражувачка работа со цел да се зајакнат академските вештини, капацитети и перформанси на студентите Роми. Покрај тоа, повикот се однесува за пријавување на обучувачи/фацилитатори за испорака на работилници за ромски идентитет, историја на Ромите, ромски јазик и култура и ромско движење со цел да се зајакне ромскиот идентитет.

Povik za baza na obucuvaci.pdf

Донатори

Соработници

Видео