Повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП)
- Детали
- Објавено: Среда, 19 Октомври 2016 08:56
- Посети: 2597
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП), со кој ќе се доделат грантови за поддршка на студентите Роми за практиканство, организирање на настани, учество на настани, микроистражување и предлагање на дополнителна работилница. Проектот е целосно поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.
Периодот на реализација на сите грантови го одредуваат кандидатите за грант, датумот на завршување на реализацијата на грантот треба да биде најдоцна до 15 Мај 2017 година.
Повик за тутори за академската 2016/2017 година
- Детали
- Објавено: Петок, 14 Октомври 2016 08:55
- Посети: 2502
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија.
Пријавените тутори ќе бидат регистрирани во базата на тутори за академската 2016/2017 година и ќе бидат понудени за ангажман во текот на академската 2016/2017 година само доколку студентите Роми во нивното барање за туторство не предложат тутор или нивниот предложен тутор не ги исполнува условите за тутор, бидејќи студентите Роми во нивното барање за туторство можат да предложат тутор за одржување на туторските часови.
Повик за уредувачки тим на електронското списание Рома Индекс број 3 и 4
- Детали
- Објавено: Среда, 12 Октомври 2016 08:54
- Посети: 2551
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, објавува повик за уредувачки тим на електронското списание „Рома Индекс“ број 3 и 4. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.
Електронското списание „Рома Индекс“ преставува медиум каде студентите Роми од различни студиски програми, алумните на РОМАВЕРЗИТАС и експерти Роми од различни области ќе имаат можност да го изразат нивното критичко размислување, нивните ставови, анализи, полемики, информации и слично, во однос на различни актуелни прашања и теми кои ќе ги потикнат читателите да размислуваат, да се информираат, мотивираат и едуцираат.
Повик за проектен асистент
- Детали
- Објавено: Петок, 14 Октомври 2016 08:53
- Посети: 2575
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ објавува повик за проектен асистент во проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ во Скопје, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта. Проектот има цел да ги подобри одржливоста, академските постигнувања и личните капацитети на студентите Роми во Република Македонија.
Повик за обучувачи за работилници за зајакнување на академските способности за академската 2016/2017 година
- Детали
- Објавено: Петок, 02 Септември 2016 08:51
- Посети: 2562
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за обучувачи за испорака на работилници за комуникација со јавноста и новинарско изразување, менаџирање на време за ефективно учење, техники за академско пишување,
методологија на научно-истражувачка работа и комуникациски и презентациски вештини.
Повеќе артикли...
- Повик за вклучување на студенти Роми во активностите на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ за академската 2016/2017 година
- Повик за уредувачки тим на електронското списание Рома Индекс број 1 и 2
- Повик за Програмата за зајакнување на академските постигнувања и личните капацитети на студентите Роми во Република Македонија за академската 2015/2016 година
- Повик за обучувачи/фацилитатори за испорака на обуки и работилници




















