Повик за обучувачи за испорака на работилници
- Детали
- Објавено: Петок, 05 Јануари 2018 09:32
- Посети: 2280

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ објавува повик за обучувачи за испорака на работилници за зајакнување на личните, академските и професионалните вештини и способности на студентите Роми во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Пријавувањето за обучувачи за испорака на работилници во текот на акaдемската 2017/18 година на горенаведените теми е најдоцна до 18 јануари 2018 година.
Повик за пријавување на студенти роми за кандидат за претставник на студентите - корисници на проект
- Детали
- Објавено: Петок, 05 Јануари 2018 09:27
- Посети: 2361

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува повик за пријавување на студенти Роми за кандидат за претставник на студентите Роми - корисници на проектот „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“. Проектот е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.
Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 18 јануари 2018 година.
Повик за ментори во академската 2017/18 година
- Детали
- Објавено: Петок, 10 Ноември 2017 09:21
- Посети: 2331

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, објавува повик за ментори кои ќе одржуваат индивидуални менторски средби со студенти Роми следејќи ја динамиката на реализација на индивидуален работен план подготвени од страна на менторот и студентот/менторираниот. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), од Будимпешта.
Краен рок за пријавување за повикот за ментори е 22 ноември (среда) 2017.
Повик за стручно лице кое ќе испорача курс по ромски јазик, историја и култура
- Детали
- Објавено: Петок, 05 Јануари 2018 09:25
- Посети: 2269

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за стручно лице кое ќе испорача курс по ромски јазик, историја и култура со цел зголемување на информираноста на студентите Роми за ромскиот јазик, историја и култура, зајакнување на нивниот ромски идентитет, како и воспоставување на позитивни практики за учење и негување на Ромскиот јазик, историја, култура и идентитет во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Пријавувањето за повикот за стручно лице кое ќе испорача курс по ромски јазик, историја и култура за академската 2017/18 година е најдоцна до 18 јануари 2018 година.
Повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во Рома Индекс Активизам
- Детали
- Објавено: Петок, 10 Ноември 2017 09:20
- Посети: 2311

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, објавува повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во рамки на Рома Индекс Активизам, односно Рома Индекс број 8 и 9. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), од Будимпешта.
Краен рок за пријавување за Рома Индекс Активизам e 22 ноември (среда) 2017.
Повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во Рома Индекс Активизам