Повик за обучувачи за испорака на тренинг за формите на младинско/студентско учество и организирање, и структура и пишување на краток документ за јавни политики
- Детали
- Објавено: Четврток, 26 Јануари 2017 09:02
- Посети: 4898

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува повик за обучувачи за испорака на тренинг за формите на младинско/студентско учество и организирање, и структура и пишување на краток документ за јавни политики, за студенти Роми, дипломирани Роми и неколку претставници од ромски младински организации во рамки на проектот „Конект за организирано делување на младите Роми“.
Повик за уредувачки тим од студенти Роми во електронското списание „Рома Индекс“ број 5 и 6
- Детали
- Објавено: Петок, 20 Јануари 2017 08:59
- Посети: 4946

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, објавува повик за новинарски тим од студенти Роми за електронското списание „Рома Индекс“ број 5 и 6.
Електронското списание „Рома Индекс“ преставува медиум каде студентите Роми од различни студиски програми, алумните на РОМАВЕРЗИТАС и експерти Роми од различни области ќе имаат можност да го изразат нивното критичко размислување, нивните ставови, анализи, полемики, информации и слично, во однос на различни актуелни прашања и теми кои ќе ги потикнат читателите да размислуваат, да се информираат, мотивираат и едуцираат.
Повик за тутори за академската 2016/2017 година
- Детали
- Објавено: Петок, 14 Октомври 2016 08:55
- Посети: 2412

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија.
Пријавените тутори ќе бидат регистрирани во базата на тутори за академската 2016/2017 година и ќе бидат понудени за ангажман во текот на академската 2016/2017 година само доколку студентите Роми во нивното барање за туторство не предложат тутор или нивниот предложен тутор не ги исполнува условите за тутор, бидејќи студентите Роми во нивното барање за туторство можат да предложат тутор за одржување на туторските часови.
Повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП)
- Детали
- Објавено: Среда, 19 Октомври 2016 08:56
- Посети: 2509

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП), со кој ќе се доделат грантови за поддршка на студентите Роми за практиканство, организирање на настани, учество на настани, микроистражување и предлагање на дополнителна работилница. Проектот е целосно поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.
Периодот на реализација на сите грантови го одредуваат кандидатите за грант, датумот на завршување на реализацијата на грантот треба да биде најдоцна до 15 Мај 2017 година.
Повик за проектен асистент
- Детали
- Објавено: Петок, 14 Октомври 2016 08:53
- Посети: 2490

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ објавува повик за проектен асистент во проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ во Скопје, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта. Проектот има цел да ги подобри одржливоста, академските постигнувања и личните капацитети на студентите Роми во Република Македонија.
Повеќе артикли...
- Повик за уредувачки тим на електронското списание Рома Индекс број 3 и 4
- Повик за обучувачи за работилници за зајакнување на академските способности за академската 2016/2017 година
- Повик за вклучување на студенти Роми во активностите на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ за академската 2016/2017 година
- Повик за уредувачки тим на електронското списание Рома Индекс број 1 и 2