Повик за вклучување во база на обучувачи за академската 2017/2018 година
- Детали
- Објавено: Петок, 10 Ноември 2017 09:17
- Посети: 2341

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, објавува повик за обучувачи за вклучување во база на обучувачи за испорака на работилници за зајакнување на личните, академските и професионалните вештини и способности. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот образовен фонд (РЕФ),Будимпешта.
Повик за тутори во академската 2017/18 година
- Детали
- Објавено: Петок, 10 Ноември 2017 09:16
- Посети: 2319

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ објавува повик за пријавување во база на тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.
ПОВИК за ангажирање на проектен менаџер во проектот
- Детали
- Објавено: Недела, 08 Октомври 2017 09:14
- Посети: 4822

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ го спроведува проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ со цел да постигне вклучување на матурантите Роми во високото образование, да ги подобри академските постигнувања на студентите Роми, да го поттикне и поддржи личниот и професионалниот развој на студентите и дипломираните Роми, како и да се воспостави мрежа на соработка на студентите и дипломираните со нивно учество, организирање и активизам. Овој проект е финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Повик за вклучување во активностите на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“
- Детали
- Објавено: Понеделник, 30 Октомври 2017 09:15
- Посети: 2278

Повикот за вклучување во активностите на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, дава можност на сите редовни матуранти Роми, студенти и дипломирани Роми/РОМАВЕРЗИТАС Алумни на додипломски студии од државните и приватните универзитети во Република Македонија да се пријават за вклучување во активностите на проектот. Овој проект е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
ПОВИК за ангажирање на проектен координатор на три компоненти во проектот
- Детали
- Објавено: Недела, 08 Октомври 2017 09:13
- Посети: 4916