Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Студентите се стекнаа со техники за ефективно и ефикасно учење
- Детали
- Објавено: Понеделник, 26 Февруари 2018 11:57
- Посети: 12721
Деветнаесет студенти беа дел од еднодневната работилница „Техники за ефективно и ефикасно учење“. Студентите учеа за психолошкиот однос кон учењето, за стресот и стравот од неуспех, како и за тоа што е учење, фактори за учење, знаење, како се создава и кои видови знаење постојат, меморија, но и заборавање. Учеа за методите на памтење и мнемонички технички на памтење, стилови и насоки за учење. Освен теоретскиот дел, тие имаа натпревар за применa на мнемонички техники и разни вежби поврзани со знаењето и креативноста.
Работилницата ја одржаа д-р Лазар Ѓуров и Анета Јанчевска на 25.02.2018 година година во просториите на Здружението на граѓани „Ромаверзитас Македонија“. Ова е последна работилница од Модулот од три работилници за студентите кои студираат во први две години на студии.