Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Менторството- можност за реализирање на личните, академските и кариерните цели на студентите
- Детали
- Објавено: Вторник, 16 Јануари 2018 12:06
- Посети: 13257
Вкупно 19 студенти во прва година – бруцоши се вклучени во овогодинешното менторство во организација на Здружението на граѓани „Ромаверзитас“. Од јануари до мај 2018 година, 13 ментори ќе работат со овие студенти на нивниот личен равој во рамки на проектот „Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“.
Менторството е можност студентите Роми да соработуваат и да бидат менторирани од страна на ментор кој ги подучува, насочува, советува, охрабрува, мотивира и го поддржува развојот на нивните знења, вештини и способности за реализирање на нивните лични, академски и кариерни цели. Менторот му помога на студентот да ги идентификува и реализира сопствените индивидуални цели на личен, академски и професионален план. Исто така, менторот го поддржува развојот на студенти лидери кои имаат знаење, вештини и способности за реализирање на своите цели. Менторот има можност да го поттикне студентот да ги развие своите вештини и капацитети за надминување на академските предизвици и успешно студирање. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта.