Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Курс по ромски јазик, историја и култура
- Детали
- Објавено: Петок, 08 Јуни 2018 14:33
- Посети: 13586
Во периодот февруари-мај 2018 година се спроведе курс по ромски јазик, историја и култура, на кое земаа учество 32 студенти и алумнисти корисници на Ромаверитас.
Студентите и алумнистите се здобија со основни знаења од областа на јазикот, културата и книжевноста на Ромите, местото на ромскиот јазик во општеството, контактите со другите јазици и со историјата на ромскиот јазик, традиционалната култура на Ромите и разликата помеѓу номадските и седентарните Роми.
Притоа, се запознаа со елементите на ромскиот идентитет, традицијата, празниците, занаетите, книжевноста, филмската и тетарска уметност и сл. Преку сликата за Ромите во медиумите и историја на појавата на ромските медиуми се здобија со претстава за тоа колку јавните гласила влијаат врз креирањето на социјалната слика за Ромите.
Курсот има за цел да се зголеми информираноста кај младите Роми за потеклото и развојот на ромскиот јазик, историјата на Ромите, како и културата и обичаите кои ромскиот народ ги негувал во минатото и сега. Понатаму, зајакнување на ромски идентитет, воспоставување на позитивни практики за учење и негување на ромскиот јазик, историја, култура и идентитет.
Курсот по ромски јазик, историја и култура е активност во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични иколективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.