Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавната здравствена установа Геронтолошки Завод „13 Ноември" и Ромаверзитас
- Детали
- Објавено: Петок, 15 Јуни 2018 00:13
- Посети: 4150
Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ и Јавната здравствена установа Геронтолошкиот Завод „13 Ноември“ потпишаа меморандум за соработка. Со потпишувањето на овој меморандум Ромаверзитас и Геронтолошкиот Завод „13 Ноември“ ќе соработуваат во период од 3 месеци во спроведувањето на волонтерска работа во рамки на проектот „Ромаверзитас - Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности”, коj е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Геронтолошкиот Завод „13 Ноември“ пристапи кон соработка и поддршка за овозможување реализација на волонтерство на еден студент корисник на Ромаверзитас во здравствената установа, со назначување на ментор од институцијата, како и простор и услови за вршење на волонтерството во самата институција. Потпишувањето на меморандумот е резултат на потребите од заеднички настап да се даде придонес кон волонтерската работа како активност од интерес за Република Македонија која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на младите во општествениот живот.
Волонтерството има за цел да ги поддржи студентите Роми и алумнистите на Ромаверзитас за стекнување знаења, вештини и искуство во рамки на одредени работни организации или институции, кое ќе ја зголеми нивната подготвеност за вклучување во пазарот на трудот и институциите во Република Македонија. Волонтерството на студентите Роми е можност за контакти и работа со вработените во одредени работни организации или институции за понтамошно надградување во својата кариера.
Волонтерството е активност во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.