Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Нотарска канцеларија на нотар Емилија Георгиевска Аџиска и Ромаверзитас
- Детали
- Објавено: Петок, 20 Јули 2018 09:07
- Посети: 7119
Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ и нотарската канцеларија на нотар Емилија Георгиевска Аџиска потпишаа меморандум за соработка. Со потпишувањето на овој меморандум Ромаверзитас и нотарската канцеларија на нотар Емилија Георгиевска Аџиска ќе соработуваат во период од 3 месеци во спроведувањето на волонтерска работа во рамки на проектот „Ромаверзитас - Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности”, коj е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Потпишувањето на меморандумот е резултат на потребите од заеднички настап да се даде придонес кон волонтерската работа како активност од интерес за Република Македонија која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на младите во општествениот живот.
Соработката во рамките на овој меморандум ќе се остварува во делот на практиканство, односно волонтерска работа на еден студент корисник на Ромаверзитас во нотарската канцеларија на нотар Емилија Георгиевска Аџиска во Берово, каде што во период од три месеци ќе има можност преку волонтерска работа и практиканство да се запознае одблизу со работењето на една нотарска канцеларија, водење и вршење на нотарски работи, а воедно и да ги зајакне своите лични и професионални капацитети.
Волонтерството има за цел да ги поддржи студентите Роми и алумнистите на Ромаверзитас за стекнување знаења, вештини и искуство во рамки на одредени работни организации или институции, кое ќе ја зголеми нивната подготвеност за вклучување во пазарот на трудот и институциите во Република Македонија. Волонтерството на студентите Роми е можност за контакти и работа со вработените во одредени работни организации или институции за понтамошно надградување во својата кариера.
Волонтерството е активност во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.