Вклучени и активни млади
Продолжување на повикот за учество во работна група во рамки на проектот ,,Вклучени и активни млади''
- Детали
- Објавено: Понеделник, 16 Септември 2019 09:21
- Посети: 1496
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, во рамки на проектот „Вклучени и активни млади“, со број на грант IPA/2017/393 - 661, под-грант на Проектот за младинско изразување спроведуван од Младински образовен форум, Центарот за балканска соработка - Љоја и Младински сојуз Крушево, финансиски поддржан од Европската Унија
објавува Повик за работна група која ќе биде составена од околу 15 членови од повеќето засегнати страни на младинското прашање. Членовите на работната група се очекува да дадат придонес со нивните знаења, вештини и искуства, водени од фасилитатор и примена на успешни практики, во изготвување на локална младинска стратегија за општина Шуто Оризари. Се планира младинската стратегија да ги опфати областите: младинско учество, младинско информирање, образование, вработување, култура, спорт и здравство.
Краен рок на аплицирање: 22.09.2019
Начин на аплицирање: Да се испрати кратка биографија (CV) на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.со назнака: Пријавување за повик за работна група и да се пополни електронската пријава.