Вклучени и активни млади
Локална младинска стратегија за Општина Шуто Оризари
- Детали
- Објавено: Понеделник, 03 Февруари 2020 08:57
- Посети: 1527
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, во рамки на проектот „Вклучени и активни млади“, со број на грант IPA/2017/393 - 661, под-грант на Проектот за младинско изразување спроведуван од Младински образовен форум, Центарот за балканска соработка - Љоја и Младински сојуз Крушево, финансиски поддржан од Европската Унија изготви локална младинска стратегија за Општина Шуто Оризари.
Проектот беше раководен од проектниот координатор, Мухамед Ајваз и финансиската асистентка, Сабина Љатиф. Почетокот на проектот беше означен со воспоставена соработка со Општина Шуто Оризари преку потпишување на меморандум за соработка, при што поддршката следуваше во рамки на целиот проект.
Процесот на креирање на стратегијата беше раководен од експертот м-р Срџан Амет и проф. д-р Софија Арнаудова, а особен удел имаше работната група составена од голем број на засегнати страни, вклучувајќи ја претседателката на советот на Општина Шуто Оризари, советници во општината, раководни лица на училиштата кои се наоѓаат во рамки на општината, граѓански организации, наставници, студенти, млади и други засегнати страни. Исто така, паралелно се одвиваше и емпириско истражување при што беа анкетирани повеќе од 300 млади, а беа спроведени и 7 фокус групи, сè со цел, младите да имаат поголем удел во идентификувањето и решавањето на сопствените проблеми.
Подготвената локална младинска стратегија, на крајот на 2019 година беше изгласана од Советот на Општина Шуто Оризари, по што станува официјален документ на општината, а за имплементација на стратегијата, дел од одговорноста презема и младинскиот совет на Општина Шуто Оризари.
Lokalna_mladinska_strategija.pdf