Руфат Демиров, апсолвент на политички студии на факутлетот „Јустинијан Први“, УКИМ
- Детали
- Објавено: Вторник, 21 Мај 2019 11:05
- Посети: 2796
За мене Ромаверзитас претставува семејство. Семејство на млади, енергични, здужени, солидарни студенти и алумни. Тука секако е и феноменалниот тим на вработени. Една фина и мила Сеара. Една слатка и симпатична Инес која плени со својата насмевка и не полни со позитивна енергија. Си ја имаме и нашата драга Фикрија која со мајчински совети не насочува и советува, создава интелигентни луѓе од нас. И секако, тука е и нашиот драг Силхан, наш менаџер и брат, пријател и ментор! Сите ние заедно го сочинуваме нашето Ромаверзитас семејство, каде заедно се радуваме на успесите на нашите другари и другарки, заедно прославуваме, заедно играме, но и тагуваме. Верувам дека Ромаверзитас засекогаш ќе биде ептен битен дел од нашиот живот, без разлика каде животот ќе не однесе и колку ќе бидеме приморани да пораснеме. Ромаверзитас создаде пријателства кои траат и ќе траат уште многу многу долго. Но, покрај неформалната дружба, во Ромаверзитас се создаваат и билдаат јаки интелектуалци и луѓе кои се челичат и добиваат самодоверба да застанат гордо зад својот идентитет. Ромаверзитас, фала за се! Животот ќе ме однесеше на сосема трети патишта ако не постоеше Ромаверзитас! Се гледаме на врвот, таму каде што не подготвувате да се искачиме!