Да не дозволиме геноцидот од минатото тивко да продолжи во нашата сегашност
- Детали
- Објавено: 02 Август 2019
- Посети: 1827
На комеморацијата на „2 Август - Денот на Геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна“, во Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, од сите присутни беше испратена заедничка порака „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“. Настанот опфати комеморативни говори, видео проекција на краток филм, изведба на извадок од претставата „Злосторникот“и проекција на видео порака од студентите на Ромаверзитас.
Продолжување на крајниот рок за аплицирање на повикот за практикантска работа во Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд, финансиран о
- Детали
- Објавено: 01 Август 2019
- Посети: 2432
Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ во рамките на проектот "Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд" објавува повик за практикантска работа на еден (1) студент/ка во Мисијата на ОБСЕ во Скопје за период од 3.5 месеци.
РОМАВЕРЗИТАС - ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ: СОРАБОТКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА
- Детали
- Објавено: 30 Јули 2019
- Посети: 1715
Здружението на граѓани ,,РОМАВЕРЗИТАС’’ – Скопје, во рамки на проектот ,,Активни и вклучени млади’’, потпиша меморандум за соработка со Општина Шуто Оризари. Целта на воспоставената соработка е да се поттикнат младите да бидат активни за младински прашања, да бидат активно инволвирани во процесите за креирање на младински политики и да бидат континуирано поддржани при нивното вмежување на форми на младинско организирање.
Отворен повик за практикантска работа во Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд, финансиран од Европска Унија
- Детали
- Објавено: 24 Јули 2019
- Посети: 2373
Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ во рамките на проектот "Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд" објавува повик за практикантска работа на еден (1) студент/ка во Мисијата на ОБСЕ во Скопје за период од 3.5 месеци.