![](/images/povik.jpg)
Повик за учесници на курс по Англиски јазик во академската 2019/20 година
- Детали
- Објавено: Среда, 19 Февруари 2020 11:45
- Посети: 983
![](/images/povik.jpg)
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот „Ромаверзитас – со развој и активизам кон еднаква интеграција и можности“ финансиран од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта.“ објавува повик до студенти Роми и алумни; за изразување на интерес за учество на курс за Англиски јазикво рамките на компонентата на проектот академската подршка и развој.
Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот образовен фонд (РЕФ) Будимпешта.
Во академската 2019/2020 година, за учество на курсот за Англиски јазик ќе може да се вклучат 15 лица.
Спроведувањето на курсот по Англиски јазик ќе биде двапати во неделата.
Термините за испорачување на курсевите ќе бидат во согласност со можностите на целната група.
1.Условиза изразување на интерес од страна на студентите и алумните е на следниот начин:
- Изразување на интерес преку пополнување на Барање за учество во Курсот за Англиски јазик (линк) пополнуваат само студентите и барањето се доставува на долунаведенито емаил.
- Копиран/скениран индекс со увид за положени испити (за студенти) се доставува на долунаведенито емаил или лично во просториите на Ромаверзитас.
- ЦВ лично биографија, доставени лично во просториите на Ромаверзитас или на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака пријавување за Курс за Англиски јазик за 2019-20. *алумните на Ромаверзитас доставуваат само ЦВ на наведениот емаил
2.Краен рок за пријавување
Горенаведените документите за пријавување треба да се достават најдоцна до 10 март 2020 година.