Повик за номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата
- Детали
- Објавено: Понеделник, 06 Април 2020 09:57
- Посети: 1354
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во пресрет на Светскиот ден на Ромите 8 ми Април во рамките на проектот „Ромаверзитас - Со развој и активизам кон еднаквa интеграција и можности“ финансиран од Ромскиот едукативен фонд, објавува повик за номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата - студент со највисоки резултати во текот на студиите и најактивен студент на генерацијата.
Кризата и вонредната ситуација најчесто го вади на површина најлошото но и најдоброто од луѓето – гласи една позната изрека. Ромаверзитас во прилог на ублажување на кризата предизвикана од Ковид – 19 ќе спроведува и директни мерки и активности за помош на ромската заедница и подршка во процесот на продолжување на образованието.
Заради одбележувње на важни датуми за Ромската заедница и по повод Светкиот ден на Ромите 8 ми Април, во рамките на дадениот контекст, Здружението на граѓани РОМАВЕРЗИТАС симболично ќе додели:
- награда за најдобар есеј за најактивниот студент на генерацијата кој што придонесува за ромската заедница, ваучер за лап топ во износ од 15000 ден
- награди за двајца студенти со највисоки резултати во студиите ваучер за таблет во износ од 4000 ден, студентски ваучер во износ од 3000 ден.
- Номинација за награда за најдобар есеј за најактивниот студент на генерацијата
Номинацијата за оваа награда е на следниот начин:
- Изразување на интерес
- Пишување на есеј на тема: Активизам во услови на криза. Содржината на есејот треба да биде мин 3 страни во word документ (12 фонт) запазувајчи ја структурта на есејот (Вовед, Главна содржина/теза и аргументација и Заклучоци/препораки )
1.2Услови за Номинација за награда за најдобар есеј
- Номинираните лица да се студенти Роми на додипломски студии или постдипломски студии, запишани како редовни студенти во академската 2019/20 год
- Да придонесуваат и да учествуваат во развојот на ромската заедница
1.3.Документи за пријавување
- Пријава преку Изразување на интерес (документ во прилог);
- ЦВ
- Скениран индекс за увид доставен на емаил
- Есеј на тема: Активизам во услови на криза .
1.4. Краен рок за доставување на горенаведените документи е најдоцна до 16 април 2020 год
1.5. Критериуми за оценка и селекција на номинираните за награда за најдобар есеј за најактивен студент на генерацијата
Критериуми за оценка и селекција
CV |
45 поени |
Содржина на есеј |
50 поени |
Целосна и навремена документација |
5 поени |
Во комисијата за оценка и избор на најдобриот есеј за Активизам ќе учествуваат и лица од граѓанската иницијатица Аваја.
- Номинација за награди на двајца студенти со највисоки резултати во студиите -
Номинацијата за оваа награда е на следниот начин:
- Изразување на интерес (документ во прилог)
- Доставување на индек со оценки од положени испити
2.2.Услови за Номинација за награди на двајца студенти со највисоки резултати во студиите
- Лицата да се студенти Роми на додипломски студии, запишани како редовни студенти во академската 2019/20 год
- Да се достави скениран индекс на увид со сите внесени оценки од положени испити заклучно до февруари 2020 година
2.3 Документи за пријавување
- Пријава (документи во прилог);
- ЦВ
- Скениран индекс за увид доставен на емаил со сите внесени оценки од сите положени испити заклучно до февруари 2020 година
2.4 Краен рок за доставување на горенаведените документи е најдоцна до 16 април 2020 год
2.5. Критериуми за оценка и селекција на номинираните за награда со највисоки резултати во студиите
CV |
5 поени |
Просек од оценки за положени испити *Студенти во прва година по овој основ може да добијат максимум (85 поени) |
50 поени |
Целосна и навремена документација |
5 поени |
Во комисијата за селекција ќе се консултираат и мислење на неформалните преставници на студенската унија на Ромаверзитас
Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 16април 2020 година.
Izrazuvanje_na_interes_za_najdobar_esej.docx
Izrazuvanje_na_interes_za_nagradi_na_dvajca_studenti_so-najvisoki_rezultati_vo_studiite.docx
По завршувањето на оваа активност лицата со помош на проектниот тим на Ромаверзитас ќе треба да се :
1. РЕГИСТРИРААТ ВО НАДОГРАДЕНАТА ПЛАТФОРМАТА НА Е-РОМАВЕРЗИТАС
2. АКТИВИРААТ СВОЈ ПРОФИЛ / КОРИСНИЦИ НА ПРОЕКТОТ
3. „УРЕДУВАЊЕНА-ПРОФИЛ“
4. СПУШТАЊЕ НА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА НА еРОМАВЕРЗИТАС