romaversitas.org.mk

Сите го одбележуваат Меѓународниот ден на Ромите

Откако во Лондон 1971-та година, од 6-ти до 8-ми април, се одржа Првиот светски конгрес на Ромите, овој народ ги постави постулатите на својот идентитет. Токму затоа, секоја година, со низа свечени манифестации се прославуваат придобивките од овој значаен датум.

Меѓународниот ден на Ромите го истакнува вниманието кон дискриминацијата на Ромите и ромските заедници на глобално ниво и претставува повик за почитување на човековите права. Ромите, организирајќи најразлични настани на светот, сакаат да му покажат дека и тие се дел од државите во кои што живеат.

Театарски престави, изложби, натпревари, маршеви, доделување признанија за придонес во раазвивање на ромската заедница - беа дел од плејадата богата програма во секој град и во секоја држава каде што Ромите гордо го прославуваат овој ден. Во Македонија, на овој ден, ромските граѓански организации, политичките партии и Владата, организираа разни манифестации. Во оваа насока, здружението на граѓани „Ромаверзитас“ организираше ораторски настан каде што студенти Роми говореа на тема „Минато, сегашност и иднина“ и настан во Собранието на Република Македонија насловен „Ромите во Република Македонија“ .

ЕУ ромската недела и годинава се одржа во Брисел, организирана од ЕРГО мрежата на која учествуваа млади Роми од речиси сите европски земји. Тие го посетија европскиот Парламент и дискутираа со европратеници за актуелната политики за развој на состојбата на Ромите од страна на Унијата. Во рамки на ЕУ ромската недела беа доделени и наградите за најпријателски градоначалник на Ромите, а беа прикажани и театарски претстави, филмови и изложби.

На Балканот речиси сите земји го прославија овој ден во весела атмосфера со многу настани.

Така на Косово, покрај фудбалски турнири и театарска престава, во Призрен имаше пригодна културна манифестација. Ромски музички ансамбли и вокални групи од  Словенија, како и гости од Унгарија и Србија, беа дел од музичката манифестација во Морска Собота. Меѓународна изложба „Миранда – Холокаустот на Ромите“ во Осијек, културно-уметничкиот настан во Белишче  како и централната манифестација во Хрватскиот Државен Архив, се дел од настаните со кои се прослави  овој значаен датум во Хрватска.

Во Словачка, медиумско-ромски магазин во соработка со културниот центар на Кошице, организираше културен настан на кој беше прикажана ромската култура со богат музички настап на учениците од основните училишта од населбата Луник IX во која доминира ромско население. Во Самсун, Турција, за прв пат ,  имаше мировен марш на кој  се собраа Роми и не-Роми со своите знамиња и со слогани за почит и пријателство помеѓу сите народи. 

Како во сите држави така и кај нас секоја година сме опкружени со разни манифестации, настани, филмски продукции во кои покажуваме сликовита, разновидна и горда слика. Овој ден е ден кој сите не обединува, сите сме едно и го прославуваме на најразлични начини. Но, овие прослави треба да бидат нашето секојдневие. Не треба да завршат со секој 8-ми април, бидејќи сме со различна и богата култура којашто ја краси секоја држава со музика и гордост.   

Автор: Џемилиана Абдулова

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Активни повици и конкурси

Донатори

РОМА ИНДЕКС АКТИВИЗАМ - РОМА ИНДЕКС БР.14

  Линк од електронски весник

Корисници на проектот
„Ромаверзитас - со поддршка за развој кон
лични и колективни еднакви пристапи и можности“
во академска 2018-19  
Studenti Romi na dodiplomski studii.pdf  
Alumnisti na Romaverzitas.pdf

Соработници

 

АЛУМНИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ЗА РОМАВЕРЗИТАС

Видео