Повик за пријавување на ученици Роми за учество во активноста туторство
- Детали
- Објавено: 06 Март 2024
- Посети: 302
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ - Скопје во рамките на проектот: „Зголемување на стапката на задржување и учество на ученици Роми во средно образование, транзиција кон високо образование и/или премин на пазарот на трудот“, финансиран од Европска Унија и РЕФ, објавува повик за ПРИЈАВУВАЊЕ НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ ЗА УЧЕСТВО ВО АКТИВНОСТА ТУТОРСТВО. Пријавените и селектирани лица ќе бидат подучувани, мотивирани и насочувани за успешно транзитирање на средношколците во следната учебна година или за полагање на државна или училишна матура, во период од Април 2024 - Јуни 2024 година (два месеци), преку индивидуална туторска програма подготвена од страна на туторот и средношколецот/туторираниот.
Повик за тутори за средно образование
- Детали
- Објавено: 06 Март 2024
- Посети: 124
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ - Скопје во рамките на проектот: „Зголемување на стапката на задржување и учество на ученици Роми во средно образование, транзиција кон високо образование и/или премин на пазарот на трудот“, финансиран од Европска Унија и РЕФ, објавува повик за ТУТОРИ за успешно транзитирање на средношколците во следната учебна година или за полагање на државна или училишна матура, во период од Април 2024 - Јуни 2024 година (два месеци), преку индивидуална туторска програма подготвена од страна на туторот и средношколецот/туторираниот.
Повик за пријавување на студенти Роми за активноста менторство
- Детали
- Објавено: 06 Март 2024
- Посети: 451
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ - Скопје во рамките на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзицијата на пазарот на трудот“, финансиран од Европска Унија и РЕФ, објавува повик за ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ РОМИ ЗА УЧЕСТВО ВО АКТИВНОСТА МЕНТОРСТВО. Пријавените и селектирани лица ќе бидат менторирани за успешна транзиција во следната година на образование или дипломирање во период од Април 2024 - Јуни 2024 година (два месеци), преку индивидуални работни средби со подготвен план за работа од страна на менторот.
Повик за ментори за студенти Роми
- Детали
- Објавено: 06 Март 2024
- Посети: 304
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ - Скопје во рамките на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзицијата на пазарот на трудот“, финансиран од Европска Унија и РЕФ, објавува повик МЕНТОРИ кои ќе одржуваат менторски средби со студенти Роми за успешна транзиција во следната година на образование или дипломирање, во период од Април 2024 - Јуни 2024 година (два месеци), преку индивидуален работен план подготвен од страна на менторот и студентот/менторираниот.