Панел дискусија на тема: „УЛОГАТА И РАЗВОЈОТ НА РОМСКАТА АКАДЕМСКА ЗАЕДНИЦА“
- Детали
- Објавено: 18 Мај 2016
- Посети: 10649


Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ по повод одбележувањето на 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите одржи панел дискусија на тема: „Улогата и развојот на ромската академска заедница во Република Македонија“.
Панел дискусијата се одржи на 6 Април во Музејот на македонската борба - Скопје.
Информативна средба за РЕФ - Програмите за стипендирање
- Детали
- Објавено: 18 Мај 2016
- Посети: 9404


На 29 Април 2016 година во просториите на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје, беше одржана информативна средба за РЕФ - Програмите за стипендирање за студенти и матуранти Роми .
Средбата беше организирана од страна на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ и Националниот координатор за РЕФ - Програмите за стипендирање во Македонија г-ѓа Ајсел Амет.
На информативната средба беа презентирани РЕФ - Програмите за стипендирање и главните активности на РОМАВЕРЗИТАС од страна на г-ѓа Ајсел Амет, Националниот координатор за РЕФ - Програмите за стипендирање во Македонија и г-дин Силхан Саитов, проектен координатор во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“.
Одбележување на 8ми Април –Меѓународниот ден на Ромите организиран од студентите на РОМАВЕРЗИТАС - Тетово
- Детали
- Објавено: 17 Мај 2016
- Посети: 6483


По повод 8ми Април - Меѓународниот ден на Ромите на 7 Април 2016 год беше одржан настан организиран од Здружението на граѓани “ РОМАВЕРЗИТАС” во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово со цел да се продолжи долгата традиција и да се негува културата во рамките на самиот Универзитет на Југоисточна Европа.
Настанот се одржа во амфитеатарот LH4 на ЈУИЕ со почеток во 12 часот со поздравни говори од страна на студентите на РОМАВЕРЗИТАС на сите 4 јазици: ромски, македонски, албански и англиски јазик.
Од името на ЈУИЕ настанот го поздрави заменик ректорот г-дин. Андреј Годспид проселден со презентација од страна на студентите за Ромскиот идентитет, култура и јазик.
Прва информативна средба со студенти Роми во Ромаверзитас - Тетово
- Детали
- Објавено: 16 Мај 2016
- Посети: 10070


Во канцеларијата на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Тетово на 4 Декември 2015 година беше одржана првата информативна средба со студенти Роми со цел да се информират студентите Роми за Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС", за компонентите и активностите на проектот, за отворениот повик за вклучување во Програмата за зајакнување на академските постигнувања и личните капацитети на студентите Роми во Република Македонија за академската 2015/2016 година.