Работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура - Тетово
- Детали
- Објавено: 23 Јуни 2016
- Посети: 13500
Во канцеларијата на Ромаверзитас Тетово, на 04.06.2016 се одржа работилница насловена РОМИ – ЖИТЕЛИ НА СВЕТОТ (Култура, јазик и традиција) каде присутни беа студенти од Штуловиот универзитет и студенти од Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
Предавач на работилницата беше Севдија Абдулова која на самиот почеток од нејзиното предавање ги презентираше Одлуките од првиот конгрес кој се одржа 1971 година во Лондон.
Работилницата, веднаш по завршувањето на прашањата и одговорите од првата тема продолжи со насловот така наречен Ромски народ – под групи, каде предавачот напомена неколку видови под групи и тоа: Кале, Синти, Романикал, Романисел, Калдераши, Бојаши, Ерлидес/Арлии, Ловари, Ромунгро и Муслимански народ, таа поединечно ги наброи под групите која под-група во која држава живее.
Во делот Ромски јазик, предавачот напомена дека истиот спаѓа во индо-аријанската група на јазици која е дел од индо-европското јазично семејство и дека ромскиот јазик се дели на повеќе дијалекти и тоа: Северни ромски дијалекти, Централни ромски дијалекти, Балкански ромски и Влах ромски. Предавањето продолжи со насловот Култура, традиција и обичаи каде исто така се презентираше ромската традиција наречена Романо законо – Романипен која содржи морални правила карактеристични за Ромите и кои се пренесуват од генерација на генерација, Традиционалните ромски занаети и професии беа исто така тема која привлекуваше доста внимание кај самите студенти кои сами кажуваа дека во корените на нивните семејства постојат занаетите со трговија со коњи, ковачки занает и т.н. Исто така се напомена и Религијата и дека постојат Роми римокатолици, православни, протестанти и муслимани.
Веднаш после паузата за Ручек се презентираше Ромската носија која исто така беше доста интересна за присутните каде истите се впуштија во прашања а дел раскажуваа дека сеуште истата носија ја користат на свадбените веселби.
Работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура - Скопје
- Детали
- Објавено: 27 Мај 2016
- Посети: 10093
На 14 Мај 2016 година во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје се одржа работилница на тема „Ромски јазик, историја и култура“ како една од работилниците за зајакнување на ромскиот идентитет во рамки на Програмата за зајакнување на академските постигнувања и личните капацитети на студентите Роми во Република Македонија за академската 2015/2016 година.
Работилницата имаше за цел учесниците да се запознаваат со потеклото на јазикот на Ромите, да ги изучуваат основите на ромскиот јазик, да се запознаваат со историјата на Ромите, патешествието на Ромите од Индија до сите делови на светот, како и да да се запознаваат со основните обележја на ромската култура.
Работилницата беше испорачана од м-р Севдија Демирова Абдулова.
Панел дискусија на тема: „УЛОГАТА И РАЗВОЈОТ НА РОМСКАТА АКАДЕМСКА ЗАЕДНИЦА“
- Детали
- Објавено: 18 Мај 2016
- Посети: 10440
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ по повод одбележувањето на 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите одржи панел дискусија на тема: „Улогата и развојот на ромската академска заедница во Република Македонија“.
Панел дискусијата се одржи на 6 Април во Музејот на македонската борба - Скопје.
Информативна средба за РЕФ - Програмите за стипендирање
- Детали
- Објавено: 18 Мај 2016
- Посети: 9127
На 29 Април 2016 година во просториите на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје, беше одржана информативна средба за РЕФ - Програмите за стипендирање за студенти и матуранти Роми .
Средбата беше организирана од страна на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ и Националниот координатор за РЕФ - Програмите за стипендирање во Македонија г-ѓа Ајсел Амет.
На информативната средба беа презентирани РЕФ - Програмите за стипендирање и главните активности на РОМАВЕРЗИТАС од страна на г-ѓа Ајсел Амет, Националниот координатор за РЕФ - Програмите за стипендирање во Македонија и г-дин Силхан Саитов, проектен координатор во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“.