Доделени сертификати за успешно завршен курс по странски јазици во Скопје
- Детали
- Објавено: 15 Јули 2016
- Посети: 12425
На 27 Јуни 2016 година во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје беа доделени сертификати за успешно завршен курс по странски јазици на студенти Роми кои студираат во Скопје, од кои 27 студенти Роми успешно завршија курс по Англиски јазик и 5 студенти Роми успешно завршија курс по Германски јазик.
Курсот по странски јазици беше реализиран во тримесечен период од страна на Центарот за странски јазици „ЛИНГВА ФРАНКА“.
Курсот по странски јазици е дел од Проектот „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ и има за цел да ги надгради индивидуалните знаења и вештини за странски јазици на студентите Роми.
Работилница на тема: Ромски идентитет и ромско движење - Тетово
- Детали
- Објавено: 23 Јуни 2016
- Посети: 10128
Работилницата за Ромски идентитет беше одржана во канцеларијата на Ромаверзитас Тетово на ден 11 Јуни 2016 год. Насловот на Темата беше: ”Ромски Идентитет и Ромско Движење” како една од главните компоненти во проектот насловен “Академска и друга подршка на Ромите студенти во високото образование на Р.Македонија во академската 2015/2016 година ” Работилницата се состоеше во 2 делови, едниот дел започна со работилница на Ромски Идентитет кој дирекно ја водеше Адем Адеми, се зборуваше Што е Идентитет? Како го дефинираме поимот и колку различен може да биде начинот на самодефинирање. Се продолжи дискусијата со Колетивниот идентитет дефинирање како и Политичкиот идентитет , имаше доста добри дискусии и размислувања помеѓу самите учесници како се пронаоѓаат во Политиката дирекно или индирекно и како тие се настроени со идеологијата и задачите на ромските политички партии, и која е нивната главна ориентација настроена на 3 правци: левичарско, централно и десничарско движење.
Работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура - Тетово
- Детали
- Објавено: 23 Јуни 2016
- Посети: 13341
Во канцеларијата на Ромаверзитас Тетово, на 04.06.2016 се одржа работилница насловена РОМИ – ЖИТЕЛИ НА СВЕТОТ (Култура, јазик и традиција) каде присутни беа студенти од Штуловиот универзитет и студенти од Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
Предавач на работилницата беше Севдија Абдулова која на самиот почеток од нејзиното предавање ги презентираше Одлуките од првиот конгрес кој се одржа 1971 година во Лондон.
Работилницата, веднаш по завршувањето на прашањата и одговорите од првата тема продолжи со насловот така наречен Ромски народ – под групи, каде предавачот напомена неколку видови под групи и тоа: Кале, Синти, Романикал, Романисел, Калдераши, Бојаши, Ерлидес/Арлии, Ловари, Ромунгро и Муслимански народ, таа поединечно ги наброи под групите која под-група во која држава живее.
Во делот Ромски јазик, предавачот напомена дека истиот спаѓа во индо-аријанската група на јазици која е дел од индо-европското јазично семејство и дека ромскиот јазик се дели на повеќе дијалекти и тоа: Северни ромски дијалекти, Централни ромски дијалекти, Балкански ромски и Влах ромски. Предавањето продолжи со насловот Култура, традиција и обичаи каде исто така се презентираше ромската традиција наречена Романо законо – Романипен која содржи морални правила карактеристични за Ромите и кои се пренесуват од генерација на генерација, Традиционалните ромски занаети и професии беа исто така тема која привлекуваше доста внимание кај самите студенти кои сами кажуваа дека во корените на нивните семејства постојат занаетите со трговија со коњи, ковачки занает и т.н. Исто така се напомена и Религијата и дека постојат Роми римокатолици, православни, протестанти и муслимани.
Веднаш после паузата за Ручек се презентираше Ромската носија која исто така беше доста интересна за присутните каде истите се впуштија во прашања а дел раскажуваа дека сеуште истата носија ја користат на свадбените веселби.
Работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура - Скопје
- Детали
- Објавено: 27 Мај 2016
- Посети: 9937
На 14 Мај 2016 година во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје се одржа работилница на тема „Ромски јазик, историја и култура“ како една од работилниците за зајакнување на ромскиот идентитет во рамки на Програмата за зајакнување на академските постигнувања и личните капацитети на студентите Роми во Република Македонија за академската 2015/2016 година.
Работилницата имаше за цел учесниците да се запознаваат со потеклото на јазикот на Ромите, да ги изучуваат основите на ромскиот јазик, да се запознаваат со историјата на Ромите, патешествието на Ромите од Индија до сите делови на светот, како и да да се запознаваат со основните обележја на ромската култура.
Работилницата беше испорачана од м-р Севдија Демирова Абдулова.