Одржана еднодневна работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура
- Детали
- Објавено: 13 Март 2017
- Посети: 10277
На 11 Март 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со потеклото на јазикот на Ромите, основите на ромскиот јазик (народен и литературен), основните обележја на ромската култура и традиционалните културни вредности.
Воедно, го изучија и патот на преселбата на Ромите со акцент на појаснувањето на патешествието на Ромите од Индија до сите делови на светот и приближување на историските придобивки на Ромите до помладата генерација.
Студиска посета во Република Бугарија
- Детали
- Објавено: 28 Февруари 2017
- Посети: 3743
Од 03-05 Март 2017 година во Софија, Р. Бугарија, се одржа студентска посета во Р. Бугарија се со цел размена на информации и добри практики од имплементацијата на проектот РОМАВЕРЗИТАС во двете земји.
Во тие три дена, двете земји учеснички меѓусебно го презентираа нивниот модел на работа во своите организации и имаа дискусии за практиките, програмите и активностите. Проектниот менаџмент на двете организации заедно со своите студенти претставници дискутираа за начини на вмрежување и дадоа меѓусебен фидбек за проектните активности.
Еднодневна работилница на тема: Презентациски вештини
- Детали
- Објавено: 28 Февруари 2017
- Посети: 9805
На 25 Февруари 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Презентациски вештини. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со чекорите за подготвување на успешна презентација и ги совладаа вештините на еден успешен презентер. Во опуштена атмосфера студентите учеа за самостојно презентирање, групно презентирање и креирање на едноставна, јасна и интересна презентација како и нејзино поатрактивно презентирање се со цел задржување на вниманието на публиката.
Одржана еднодневна работилница на тема: Техники на академско пишување
- Детали
- Објавено: 22 Февруари 2017
- Посети: 12854
На 18 Февруари 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Техники на академско пишување. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со основната структура на еден есеј, критичка анализа на туѓ текст (есеј), основните сегменти на добро напишан есеј (структура, техничка среденост, јазична правилност, стил), основни видови на есеј, основна структура на семинарски труд и разлики помеѓу есеј и семинарски труд.