Студентите се стекнаа со техники за ефективно и ефикасно учење
- Детали
- Објавено: 26 Февруари 2018
- Посети: 12966
Деветнаесет студенти беа дел од еднодневната работилница „Техники за ефективно и ефикасно учење“. Студентите учеа за психолошкиот однос кон учењето, за стресот и стравот од неуспех, како и за тоа што е учење, фактори за учење, знаење, како се создава и кои видови знаење постојат, меморија, но и заборавање. Учеа за методите на памтење и мнемонички технички на памтење, стилови и насоки за учење. Освен теоретскиот дел, тие имаа натпревар за применa на мнемонички техники и разни вежби поврзани со знаењето и креативноста.
Се одржа првата работилница за истражувачка работа
- Детали
- Објавено: 19 Февруари 2018
- Посети: 12682
Кои се истражувачките фази и како се изработува нацрт истражување, како се формулира проблем, што се научни а што ненаучни методи, како се селектира примерок за истражување и теми поврзани со етиката во истражувањето, беа дел од темите кои се обработија на работилницата „Основи на истражувачка работа – акциски истражувања“.
На работилницата учествуваа 14 студенти и Ромаверзитас алумнисти, како дел од модуот „Техники на истражување“. Работилницата се одржи на 10 февруари 2018 година, од страна на професор д-р Николина Кениг од Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Студентите Роми добија свои претставници
- Детали
- Објавено: 14 Февруари 2018
- Посети: 11104
Студентите Асиб Зекир и Руфат Демиров се идните претставници на академската заедница Роми кои користат услуги од проектот „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“. Првата своја средба со студенетите ја остварија пред неколку дена на Правниот факултет во Скопје каде разговараа за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат студентите Роми, стипендисти на здружението на граѓани „Ромаверзитас“.
СТРАТЕШКА ДИСКУСИЈА: Заложба за единство на Ромите во Република Македонија
- Детали
- Објавено: 14 Февруари 2018
- Посети: 9955
Целта на стратешкиот разговор и меѓусебниот дијалог на темата е всушност дискусија за вложување и ветување за Единство и Заложба околу содржината на Декларацијата за стратешките цели и интереси на Ромите во Република Македонија.