Повик за вклучување во активностите за академската 2018/2019 година
- Детали
- Објавено: 16 Октомври 2018
- Посети: 6501


Повик за студенти и дипломирани Роми, како и Алумни на Ромаверзитас, кои се на постдипломски студии во државните и приватните универзитети во Република Македонија.
Повик за вклучување во активностите за академската 2018/2019 година.pdf
Волонтерите со значајни заклучоци за ромската заедница
- Детали
- Објавено: 05 Октомври 2018
- Посети: 4485

Од спроведените волонтерства, како излезни продукти се направени три излезни продукти од студентите, преку кои се дефинираа неколку значајни заклучоци. Во првиот презентиран излезен труд на тема „Затворите – превентива или смрт за Ромите во РМ“, студентката Танкица Бекирова заклучува дека „Во казнено – поправните установи владее корупција и условите во затворите се под минимално утврдените стандарди.
Успешно се постигнати планираните резултати за академската 2017/2018
- Детали
- Објавено: 04 Октомври 2018
- Посети: 4924


Проектните цели, резултати и индикатори за првата проектна година на проектот: „Ромаверзитас- со поддршка за равој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, се успешно постигнати. Овој проект е идеа која започна од 2001 и континуирано се спроведува во Република Македонија за да ги унапреди состојбите на ромската заедница во однос на високото образование, интеграцијата во пазарот на трудот и останатите сектори во општеството. Овој проект веќе неколку години е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ).
ГЕНЕРАЦИСКА СРЕДБА - ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА РОМСКАТА МЛАДИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
- Детали
- Објавено: 07 Септември 2018
- Посети: 2563


Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” со поддршка на Канцеларијата за Ромски иницијативи, Фондација отворено општество, објавува Јавен повик за учество на заедничка генерациска средба на Студенти и Алумни од сите генерации.
Потребата за организирање на еден ваков настан е повеќе од очигледна, имајќи во предвид дека во периодот 2002 - 2018 година поминаа речиси 4-5 генерации на Ромски студенти низ “водите” на РЕФ и Ромаверзитас кои даваат активен придонес во Ромската заедница.