Микроистражување „Ставови и мотиви на матурантите Роми за (не)продолжување на своето образование“
- Детали
- Објавено: 25 Октомври 2018
- Посети: 4284
Во спроведеното микроистражувањето на тема „Ставови и мотиви на матурантите Роми за (не)продолжување на своето образование“ авторите Кенан Таир и Лебишка Селоска под менторство на м-р Мануела Демир дефинираа неколку заклучоци, како што се:
-при одлучувањето за упис на факултет кај најголем процент на матурантите Роми се земаат предвид: можноста за идното вработување, стекнувањето знаења и вештини при процесот на образование и можноста за градење кариера по дипломирањето;
-53 матуранти (односно 63 % од испитаниците) планираат да се запишат на додипломски студии на некои од универзитетите во Македонија, додека 19 матуранти (односно 22 %) имаат донесено одлука за непродолжување на своето образование;
-како причини за непродолжување на образованието, главно се наведуваат: ниски семејни приходи, желбата за вработување, заминувањето во странство, слабиот училиштен просек и немањето лична желба за продолжување на образованието.
Повик за доставување на понуди за курс по компјутерска едукација
- Детали
- Објавено: 25 Октомври 2018
- Посети: 4285
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ Скопје Ве покануваат да доставите понуда за спроведување на курсеви по компјутерска едукација за програмите на Microsoft Word, Excel и Power Point и користење на интерент/меил, за основно и средно/напредно ниво за студенти Роми, во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Доставувањето на понуди за курсеви по компјутерска едукација е најдоцна со 30.10.2018
Повик за активирање во проектите на Ромаверзитас
- Детали
- Објавено: 25 Октомври 2018
- Посети: 4547
За да се зголеми вклученоста и квалитетот на активности од страна на студентите Роми, здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ ги повикува сите студенти и дипломирани Роми, како и алумнисти, да се пријават за вклучување во проектот “Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“.
На овој начин, Ромаверзитас ќе ги поддржи студентите во текот на студиите, ќе им помогне околу формирањето на личниот и академски развој и ќе поттикне зајакнување и вмрежување на ромската заедница. Сетот активности вклучува менторство, туторство, библиотека, курс по странски јазици, курс по компјутерска едукација, курс по Ромски јазик историја и култура и практиканство. Покрај овие активности, се потенцира и максималното учество на состаноци, работилници, преземање иницијативи и социјализација на студентите.
Повик за обучувачи
- Детали
- Објавено: 17 Октомври 2018
- Посети: 6349
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за обучувачи за испорака на работилници за зајакнување на личните, академските и професионалните вештини и способности на студентите Роми во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Пријавувањето за обучувачи за испорака на работилници во текот на акaдемската 2018/19година на горенаведените теми е најдоцна до 25 октомври 2018 година.овик за обучувачи.