Успешно се постигнати планираните резултати за академската 2017/2018
- Детали
- Објавено: 04 Октомври 2018
- Посети: 4767
Проектните цели, резултати и индикатори за првата проектна година на проектот: „Ромаверзитас- со поддршка за равој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, се успешно постигнати. Овој проект е идеа која започна од 2001 и континуирано се спроведува во Република Македонија за да ги унапреди состојбите на ромската заедница во однос на високото образование, интеграцијата во пазарот на трудот и останатите сектори во општеството. Овој проект веќе неколку години е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ).
ГЕНЕРАЦИСКА СРЕДБА - ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА РОМСКАТА МЛАДИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
- Детали
- Објавено: 07 Септември 2018
- Посети: 2476
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” со поддршка на Канцеларијата за Ромски иницијативи, Фондација отворено општество, објавува Јавен повик за учество на заедничка генерациска средба на Студенти и Алумни од сите генерации.
Потребата за организирање на еден ваков настан е повеќе од очигледна, имајќи во предвид дека во периодот 2002 - 2018 година поминаа речиси 4-5 генерации на Ромски студенти низ “водите” на РЕФ и Ромаверзитас кои даваат активен придонес во Ромската заедница.
Студенти и алумнисти на Ромаверзитас се стекнаа со сертификат за успешно завршен курс по странски јазик
- Детали
- Објавено: 16 Август 2018
- Посети: 6988
Вкупно 45 студенти и алумнисти во Скопје, Битола, Штип, Куманово и Прилеп посетуваа курс по странски јазици. Тие успешно го завршија курсот и се здобија со сертификати за познавање на одреден степен на странски јазик.
Курсевите се одвиваа во периодот февруари-јуни 2018 година, каде што вкупно 41 студент и 4 алумнисти корисници на проектот на Ромаверзитас посетија курсеви по англиски, германски или француски јазик, според нивните потреби.
Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори
- Детали
- Објавено: 08 Август 2018
- Посети: 16473
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и Кабинетот на Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 организираа настан по повод комеморација на 2 Август - Денот на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна, во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Скопје.