Мобилни ромски книги
- Детали
- Објавено: 12 Февруари 2018
- Посети: 11105
Mладинска размена во рамките на програмата Млади во акција
Проектот "Мобилни ромски книги" е младинска размена организирана во рамките на програмата Млади во акција (Nr2017- 3-TR01-KA105-048556), со финансиска поддршка од Европската комисија, која ќе се спроведува во Медитеранската федерација за здруженија на Ромите / Мерсин / Турција, помеѓу 5 април - 14 април 2018 година.
МОН ги објави добитниците на стипендии
- Детали
- Објавено: 09 Февруари 2018
- Посети: 11198
Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за доделување стипендии на редовните студенти Роми запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2017/2018 година.
РОМАВЕРЗИТАС ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА
- Детали
- Објавено: 03 Февруари 2018
- Посети: 10169
„Како до (по)квалитетно образование во Шуто Оризари?“
Недостатокот на кадар од ромска популација сериозно влијае на квалитетот на образование во општината Шуто Оризари, е еден од заклучоците кој произлезе од панел дискусијата „Како до (по)квалитетно образование во Шуто Оризари“, во организација на здружението на граѓани „Ромаверзитас“.
Дискусијата се одржа во Младинскиот Културен Центар, а говореа Даниела Захариова Адамова, раководител на секторот за образование на град Скопје, Реџеп Али Чупи, алумнист на Ромаверзитас, Алвин Салимовски, директор на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ и Доан Сулејманоски, професор во средното училиште „Шаип Јусуф“.
Посебен закон за практикантство
- Детали
- Објавено: 02 Февруари 2018
- Посети: 9881
Практикантството во фирмите и институциите не е регулирано со законско решение, тврдат стопанските комори во Македонија. За да се реши овој проблем тие бараат посебен закон за практикантство кој ќе се однесува на изведувањето на овој процес во работна организација.
Досега, практикантската работа се регулира само преку законите за средно и за високо образование, но бизнисмените тврдат дека не се доволни и може да дојде до злоупотреба и неусогласеност на двете страни во делот на работните односи.