Признанија за Роми алумнисти
- Детали
- Објавено: 19 Април 2018
- Посети: 13008
Здружението на граѓани “Ромаверзитас“ по повод Меѓународниот ден на Ромите додели признанија на дипломираните студенти – алумнисти. Со ова, организацијата ја потврдува својата мисија да продуцира успешни студенти Роми и да ги интегрира во македонското општество.
Ромаверзитас ги прогласи најдобрите студенти
- Детали
- Објавено: 19 Април 2018
- Посети: 12631
Четири студенти Роми во Ромаверзитас беа прогласени и наградени за најдобри студенти во академската 2016/2017 година, во просториите на Македонскиот Народен Театар, на настан по повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите. Изборот се направи само од корисниците на организацијата во претходната академска година врз основа на висината на нивниот среден просек на оцени и нивната вклученост во минатогодишните активности.
Претседателот на Здружението Елвис Мемети, ги поздрави најдобрите студенти и истакна дека е предизвик да се даде придонес во зајакнувањето на студентите Роми и да се овозможи на ромската заедница активно да придонесува и реализира заеднички вредности.
Студентите Роми со импресивни говори
- Детали
- Објавено: 13 Април 2018
- Посети: 11735
Фасцинантни ставови и реални препораки беа изречени на Ораторските настапи по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите. Тие говореа на тема „Ромскиот народ - Минато, Сегашност и Иднина“.
Руфат Демиров, студент на Политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје, во својот говор на тема „Уште само гасни комори ни фалат“ упати порака дека „историјата за угнетувањето на Ромите не треба да се игнорира за да не се дозволи дел од неа да се повтори. Не треба да се дозволи минатовековната европска историја да се пренесе во денешното донесување на одлуки за политики поврзани со Ромите. Македонија треба да ги почитува човековите права на секоја индивидуа без разлика на пол, етничка припадност и религија“, рече Демиров.
И во Македонија постои антициганизам!?
- Детали
- Објавено: 11 Април 2018
- Посети: 12921
Кога зборуваме за проблемите на нашата заедница, поголемиот дел од нас тоа го поврзуваат со дискриминација и омраза од страна на општеството кон Ромите, што донекаде и не е погрешно. Но, дали дискриминацијата и омразата се само производи од стереотипите и предрасудите кон Ромите или претставуваат дел од резултатите на еден комплексен историски процес на расизам, насилство и стигма којшто понатаму произведува низа структурни неповолности и исклучување на цела етничка група од општествените текови на развој, бидејќи се перципираат како закана на „белата“ културна хегемонија? Да? Се сложуваме со второто? Тогаш, треба тој феномен да го нарекуваме по името кое што му е дадено ... Антициганизам!