РОМАВЕРЗИТАС ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА
- Детали
- Објавено: 03 Февруари 2018
- Посети: 10296
„Како до (по)квалитетно образование во Шуто Оризари?“
Недостатокот на кадар од ромска популација сериозно влијае на квалитетот на образование во општината Шуто Оризари, е еден од заклучоците кој произлезе од панел дискусијата „Како до (по)квалитетно образование во Шуто Оризари“, во организација на здружението на граѓани „Ромаверзитас“.
Дискусијата се одржа во Младинскиот Културен Центар, а говореа Даниела Захариова Адамова, раководител на секторот за образование на град Скопје, Реџеп Али Чупи, алумнист на Ромаверзитас, Алвин Салимовски, директор на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ и Доан Сулејманоски, професор во средното училиште „Шаип Јусуф“.
Посебен закон за практикантство
- Детали
- Објавено: 02 Февруари 2018
- Посети: 10008
Практикантството во фирмите и институциите не е регулирано со законско решение, тврдат стопанските комори во Македонија. За да се реши овој проблем тие бараат посебен закон за практикантство кој ќе се однесува на изведувањето на овој процес во работна организација.
Досега, практикантската работа се регулира само преку законите за средно и за високо образование, но бизнисмените тврдат дека не се доволни и може да дојде до злоупотреба и неусогласеност на двете страни во делот на работните односи.
Меѓународен ден за сеќавање на Холокаустот
- Детали
- Објавено: 31 Јануари 2018
- Посети: 9097
И Ромите биле жртви на нацистичкиот режим
Светот уште еднаш се потсети на жртвите на Холокаустот, одбележувајќи го 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот. Во Холокаустот умреле многу Евреи, Роми, Словени. Според некои непотврдени информации, бројката на загинати Роми изнесува меѓу 200.000 и 500.000 лица.
По овој повод, Министерството за надворешни работи на Република Македонија, минатата недела, организираше комеморативна церемонија и изложба на тема „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“. Министерката за образование Рената Дескоска во обраќањето потсети дека Македонија презема многубројни активности за одбележување на овој датум.
Студенти на едукација за работа со компјутери
- Детали
- Објавено: 18 Јануари 2018
- Посети: 11383
Вкупно 21 студент во Скопје, Битола и Куманово посетуваа курс по компјутери. Тие успешно го завршија курсот и се здобија со сертификати за програмите на Microsoft Office, односно Microsoft Word, Excel и Power Point.
Преку курсот, студентите ќе ги подобрат своите вештини за работа со компјутери и ќе ги стекнат основните и напредни вештини за работа со програмиите на Microsoft Office. Студентите ќе ја надградат својата биографија со компјутерски вештини, ќе ги зголемат можностите за исполнување на условот „познавање на работата со офис“ и ќе ги подобрат вештините за пишување семинарски, дипломски или научни трудови и за ефективни и квалитетни Power Point презентации.