Средба со матуранти Роми
- Детали
- Објавено: 23 Јуни 2017
- Посети: 11133
Во соработка со Министерството за образование и наука на Р. Македонија на ден 20 Јуни 2017 година на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се оддржа настанот Средба со матуранти Роми.
Основната цел на оваа средба беше да се мотивираат идните матуранти Роми да го продолжат своето образование, да станат академски граѓани и активни чинители во целокупното општество, но и да се здобијат со корисни информации во однос на престојниот Конкурс за запишување на факултетите во Македонија и постоечките програми за стипендирање кои подржуваат студенти Роми.
16 Мај - ден на отпорот на Ромите
- Детали
- Објавено: 22 Јуни 2017
- Посети: 16222
На иницијатива на студенти Роми од Тетово, на 16 Мај 2017 година во Тетово се одржи настан со кое се одбележа отпорот на Ромите против нацистичкиот режим.
На настанот беше презентирана видео анкета во која беа прикажани познавањата и ставовите на граѓаните на Тетово за 16 Мај 1944 година.
Потоа, студентите Сеад Мемети, Енес Билали и Селвије Мустафи говореа за нацистичката идеологија за истребување на ромскиот народ од европската мапа, за масовниот геноцид извршен врз ромите и синтите во концентрационите логори ширум Европа како и за историскиот отпор на Ромите против нацистичките агресори.
Еднодневна работилница на тема: Комуникациски вештини
- Детали
- Објавено: 02 Мај 2017
- Посети: 15883
На 29 Април 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Комуникациски вештини. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со концептот на успешна комуникација, видови комуникација, активно слушање, шумови при комуникацијата, техники за успешно и јасно пренесување на пораката според нејзината содржина, емоција и значајност како и успешен фидбек од примачот на пораката.
Сите овие сегменти од работилницата беа успешно исполнети, а студентите преку интерактивни вежби во групи ги проширија своите знаења.
Тродневен тренинг на тема: Раководење со проектен циклус и мобилизирање на средства
- Детали
- Објавено: 02 Мај 2017
- Посети: 10553
Од 21-23 Април 2017 беше одржан тродневен тренинг на тема: Раководење со проектен циклус и мобилизирање на средства. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со концептот на подготовка на проект, проектни методологии и програми за поддршка и дефинирање на тема за развој на проект за специфична донаторска програма.
Анализата на главните проблеми/предизвици (Дрво на Проблеми), изработката на логичката рамка и можните стратегии за финансирање на проекти/активности на здруженија беа оставени за вториот и третиот ден од работилницата во кои учесниците поделени во групи работеа на анализа на реален проект.