Ромаверзитас бара волонтери
- Детали
- Објавено: 24 Ноември 2018
- Посети: 2441
Помош и поддршка во спроведување активности, во административни работи и односи со јавноста, развој на мултимедијални содржини (фотографии и видео), преводи и уредување на документи, волонтерско спроведување одредени професионални услуги и учество во активности за лобирање и застапување бара здружението на граѓани „Ромаверзитас“.
„Лекцијата Шутка“ во организација на EРИАК
- Детали
- Објавено: 15 Ноември 2018
- Посети: 1495
Европскиот Ромски институт за уметност и култура (ЕРИАК), на 13 ноември 2018 година во Музејот на македонската борба, организираше културен настан насловен како „Лекцијата Шутка“. На промоцијата на ЕРИАК во Македонија говореа Тимеа Јунгхаус, директорка на ЕРИАК, Катрин Фрухинсфелд, раководителка на одделението за култура и образование на Германската амбасада во Скопје и Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари.
„Нема социјална инклузија без културна инклузија“, изјави Јунгхаус, истакнувајќи дека и понатаму ромските дискурси остануваат фокусирани на домување, здравство, образование и вработување.
Повик за волонтери
- Детали
- Објавено: 14 Ноември 2018
- Посети: 3212
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува Повик за волонтери кои ќе даваат знаења, вештини и услуги во корист на Ромаверзитас и заедницата, повремено или редовно, на доброволна основа, без финансиска добивка, во времетраење и честота зависно од желбата и можностите на волонтерот.
Волонтерот во Ромаверзитас може да извршува волонтерска работа во одреден обем/број на волонтерски часови и временски период согласно желбата и можностите на волонтерот во рамки на политиката за волонтирање на Ромаверзитас. Волонтерот може да извршува најмногу 36 волонтерски часови во текот на еден месец.
Владата го одбележа Светскиот ден на ромскиот јазик
- Детали
- Објавено: 09 Ноември 2018
- Посети: 1312
Светскиот ден на Ромскиот јазик, свечено, беше одбележан и од Владата на Република Македонија.
Во своето поздравно обраќање, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев го честиташе празникот со следниве зборови „Нека ни е честит празникот. Велам нека ни е честит, а не нека Ви е честит, затоа што причината за славењето на вашата посебност е причина за славење за сите нас“, подвлече Заев.
Според него, концептот на општество еднакво за сите е принцип со кој Владата на Република Македонија се води во своето работење. Својот говор премиерот го затвори со ромските зборови „Oven saste!“.