ROMACTED ги собра сите чинители за инклузија на Ромите
- Детали
- Објавено: 09 Ноември 2018
- Посети: 1552
Усогласување на работата за инклузија на Ромите и подобрување на синергиите, поттикнување координација меѓу засегнатите страни и воспоставување практика за организирање средби на шест месеци или по потребата беа главните цели на координативниот состанок во рамки на програмата ROMACTED. Состанокот, кој се одржа на 25 октомври 2018 во просториите на Министерството за труд и социјална политика во Скопје, ги собра претставниците на меѓународните организации, ромските невладини организации и релевантните министерства за споделување на информации/активности поврзани со проекти и предизвици со кои се соочуваат во текот на процесот на имплементација.
“KO SIJAN TU?” – втора дебата од Ромаверзитас
- Детали
- Објавено: 08 Ноември 2018
- Посети: 2474
По повод Денот на ромскиот јазик, студентите Роми дебатираа на тезата „Развивањето на ромскиот јазик е главен детерминатор за развојот на ромскиот идентитет“. Ова е втора дебата од проектот „Биди дел од заедницата – дебатирај“ на организацијата Ромаверзитас, проект финансиран од Фондација Отворено Општество - Македонија. Студентите, на дебатата организирана на 2 ноември годинава, говореа на ромски јазик со што изразија почит кон својот идентитет.
Македонија интензивно работи на интеграција на Ромите
- Детали
- Објавено: 31 Октомври 2018
- Посети: 1244
Македонија работи на намалување на видливите разлики во третманот на Ромите и на останатите етнички групи, иако интеграцијата на Ромите е мошне подобрена. Индикатор за ова е посебната ставка за Ромите во државниот буџет (пари наменети за најважните од Стратегијата за Роми - образование, домување, вработување и здравство). Од 2009 година, Министерството за труд и социјална политика нагласува дека за имплементирање на проектите од оваа Стратегија биле одвоени околу 5,7 миниони евра.
Нов проект „Биди дел од заедницата – дебатирај!“
- Детали
- Објавено: 25 Октомври 2018
- Посети: 4499
За да се зголеми учеството на студентите Роми во креирањето политики поврзани со ромската заедница, организацијата „Ромаверзитас“ стартуваше нов проект со наслов „Биди дел од заедницата – дебатирај“. Проектот се спроведува во форма на дебата на која студентите ги искажуваат своите мислења, аргументи и различности во пристапите кон решавање на проблемите на ромското население. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено Општество-Македонија.