Повик за тутори
- Детали
- Објавено: 15 Април 2020
- Посети: 1199
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, објавува повик за ТУТОРИ
Активизам во време на криза - што недостасува и што да се подобри кај младите? (Џенгис Бериша)
- Детали
- Објавено: 14 Април 2020
- Посети: 1387
Секоја криза е „лакмусов тест“ (брз метод за одредување на довербата/веродостојноста) за системот на државата, без оглед на правната рамка, структурата или општествената гранка на која припаѓа. Во кризна ситуација, слабостите и судирите во рамки на демократијата, владеење на правото, правата и обврските и конкретно, активизмот како алатка, се детерминираат преку принципот за обезбедување простор за креативно и посветено ангажирање на секој чинител на општествениот поредок за преземање активности со што ќе се промени моменталната состојба.
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА за работа во Call центарот - „Работа за заедницата“
- Детали
- Објавено: 07 Април 2020
- Посети: 1418
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ - Скопје во рамките на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“, финансиран од Европска Унија и Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта, објавува повик за АНГАЖИРАЊЕ НА ТРИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА кои ќе работат во Call Центарот за поддршка на Ромската заедница во справувањето со Covid-19 во период од Април 2020 – Јуни 2020 година.
ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ Средношколци за работна пракса во Call центарот - „Работа за заедницата“
- Детали
- Објавено: 07 Април 2020
- Посети: 1594
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ - Скопје во рамките на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, финансиран од Европска Унија и РЕФ, објавува повик за ПРАКТИКАНТИ кои ќе обавуваат работна пракса во Call Центарот за поддршка на Ромската заедница во справувањето со Covid-19 во период од Април 2020 – Јуни 2020 година.