Ромаверзитас Македонија и Ромаверзитас Косово потпишаа меморандум за соработка
- Детали
- Објавено: 19 Февруари 2019
- Посети: 1674
На 17 февруари 2019 година во Хотел Континентал, Скопје, се потпиша меморандум за соработка помеѓу Ромаверзитас Македонија и Ромаверзитас Косово.
Целта на потпишаниот меморандум помеѓу македонското и косовското преставништво на Ромаверзитас беше: да се креираат подобри можности за образование во ромската заедница; да се зајакнат вмрежувањата и лобирањата за поддршка на образованито на Ромите; како и да се создаде подобро едукациско опкружување.
Повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во Рома Индекс Активизам (Рома Индекс број 13,14,15)
- Детали
- Објавено: 08 Февруари 2019
- Посети: 1568
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, објавува повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во рамки на Рома Индекс Активизам, односно Рома Индекс број 13, 14, 15. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), од Будимпешта. Пријавувањето за повикот за новинарски тим од студенти Роми за Рома Индекс број 13,14,15 е најдоцна до 14 февруари 2019.
Повик за грант за практиканство/волонтерство за академската 2018/2019 година
- Детали
- Објавено: 01 Февруари 2019
- Посети: 1183
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за грант за практиканство/волонтерство за академската 2018/19 во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Повик за стручно лице за спроведување на активности за професионална ориентација и кариерно планирање на матуранти Роми за академската 2018/2019 година
- Детали
- Објавено: 28 Јануари 2019
- Посети: 2411
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за стручно лице за спроведување на активности за професионална ориентација и кариерно планирање на матуранти Роми за академската 2018/2019 година, во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.